ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бислимовски: Одлуката на Уставниот суд може да доведе до поскапување на топлинската енергија

May 23, 2025 15:16
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Ја дознавме Одлуката на Уставниот суд од медиумите, се уште немаме добиено официјално известување. Вообичаено одлуки на Уставен суд не се коментираат, но оваа Одлука значи дека апсолутно сега се либерализира постапката за исклучување на потрошувачите од системот за топлинска енергија. Тоа може да доведе до зголемен број исклучени потрошувачи, што, пак, ќе влијае негативно на цената за топлинска енергија, односно ќе доведе до нејзино зголемување, рече денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски.

Според него, зголемениот број потрошувачи кои би се грееле на струја, ќе го оптоварат особено дистрибутивниот систем во Скопје кој е проектиран со трафостаници и мрежа со послаб капацитет таму каде што има организиран систем за топлинска енергија.

-Особено се плашам дека ако тие потрошувачи кои би се исклучиле и би почнале да се греат на струја, ќе го оптоварат особено дистрибутивниот систем во Скопје. Ние како РКЕ ќе ја почитуваме одлуката на Уставниот суд, но кажувам што ќе значи тоа во пракса – можност за полесно исклучување, намалување на бројот на потрошувачи на топлинска енергија, што може да доведе до зголемување на цената за парно и да имаме домаќинства кои повеќе ќе се греат на електрична енергија, истакна Бислимовски.

Во врска со снемувањето струја минатиот викенд во речиси цела Македонија, МЕПСО, нагласи Бислимовски, до денес треба да испрати целосна информација што се случило. Тој оцени и дека извештајот од Шпанија и Португалија за испадот со електрична енергија ќе биде добро искуство за сите останати преносни систем-оператори во Европа.

-Има зголемено производство на електрична енергија и сите преносни систем-оператори во координација со нивното европско здружение преземаат мерки за да не доаѓа до „блек аут“. Тие мерки во текот на денот добро функционираат. Некаде за Велигден дел од фотоволтаичните електрани по налог на МЕПСО беа исклучени и во тој дел не очекувам да има проблеми. Никогаш не може со сигирност да се каже, но сите механизми што му стојат на располагање на МЕПСО и во координација со соседните системоператори се преземаат соодветни мерки. Во неделата се случи испад во периоди кога не произведуваат фотоволтаичните електрани. МЕПСО до денес ќе ни испрати целосна информација што се случило, рече претседателот на РКЕ.

Според него, повисоките напони се регулираат и со системските резрви.

-МЕПСО во наредниот период ќе распише тендер за поставување поголема кондензаторска батерија во Неготино и тој проблем ќе биде надминат во наредниот период. Во критични режими на работа, операторот на електропреносниот систем секаде во Европа, па и во Македонија, има обврска да преземе мерки за да го задржи целокупниот систем стабилен, подвлече Бислимовски.

Тој дополни и дека со новиот Закон за енергетика се овозможува поставување батериски системи.

-Верувам дека тоа во наредниот период ќе се случи зашто има голем број сопственици на фотоволтаични електрани кои се заинтересирани за поставување батериски системи. Тие ќе имаат право да постават батериски системи со моќност колку моќноста на фотоволтаичните електрани. Обврска ќе биде кај сите фотоволтаични електрани и таму каде што има батрерсики системи, да се постават уреди за далечинско управување на системите. Се разгледува можмноста дел од капацитетот на батериите да биде даден на МЕПСО за системски услуги, односно за балансирање, за соодветен пазарен надомест, информира Бислимовски според кој, МЕПСО во момнентов има системски резрви од ЕСМ, а во некои периоди од денот или годината, како што рече, тие услуги ги дава и ТЕ-ТО.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари, останува во ВЛЕН

May 23, 2025

(ВИДЕО) Син го чека својот татко од руско заробеништво – Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната

May 23, 2025
Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

Протест пред Владата на Србија: Професорите поднесоа барање за распишување избори

May 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трајко Славески – ни крив ни должен ќе бидам Гувернер!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е одговорот на прашањето: Колку родови има?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Молк во костуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научниците создадоа „временско огледало“ – бран што се движи наназад во времето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk