ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Британска амбасада: Со потпишувањето на новото партнерство почнува нова ера во односите меѓу двете земји

May 23, 2025 09:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Со потпишувањето на партнерството Влада со Влада се одбележува нова ера во односите меѓу Велика Британија и Северна Македонија, што ќе ја зголеми трговијата и ќе го поттикне економскиот раст, соопшти Амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје.

– Ова партнерство ја поддржува реализацијата на клучни инфраструктурни проекти во различни сектори, вклучувајќи транспорт, здравство, енергетика и технологија. Ќе може да се потпре на широк спектар на поддршка, вклучувајќи програми за техничка помош и до 5 милијарди фунти поддршка за финансирање проекти во Северна Македонија, наведуваат од амбасадата.

Потпишанаото партнерство Влада со Влада, како што се посочува, ја нагласува посветеноста на двете земји да соработуваат на клучни инфраструктурни проекти кои обезбедуваат социјални, економски и еколошки придобивки.

– Со искористување на експертизата и иновациите на двете земји, ова партнерство ќе го поттикне развојот на инфраструктура што поттикнува раст и просперитет. Размената на знаење и најдобри практики меѓу нашите две земји ќе биде од централно значење за овој G2G, црпејќи од експертизата во соодветните инфраструктурни области на двете земји. Ова значи дека Владата на Обединетото Кралство и британските бизниси работат во партнерство со Владата на Северна Македонија и нивниот локален синџир на снабдување за реализација на инфраструктурни проекти низ Северна Македонија. Овој пристап ќе генерира взаемни придобивки за двете земји преку споделување на иновации за испорака на отпорна инфраструктура што го поттикнува растот, се вели во соопштението од Амбасадата на Обединетото Кралство.

И британскиот амбасадот Метју Лосон, во интервју за 360 степени, оценува дека ова е клучен момент во односите помеѓу двете земји.

Договорот влада со влада, според амбасадорот, претставува пресвртница во стратешко инвестициско партнерство меѓу Лондон и Скопје. Тоа вклучува соработка меѓу компании и влади, техничка помош од британски владини институции за поддршка на инфраструктурни проекти.

– Владата веќе ги наведе двата приоритета – брзата железница и здравствениот сектор – болници. Што може граѓаните да очекуваат? Квалитетна и брза изградба на инфраструктура со британска експертиза, според британски стандарди. Во рамки на договорот влада со влада ќе донесеме и институции од нашата страна за техничка поддршка. На пример, ќе имаме специјалисти од јавното здравство кои ќе соработуваат со вашата влада за изградбата на болниците. Исто така, ќе го имаме и конзорциумот „Кросреил“, ако Владата го сака, а тоа е истиот оној што го изгради и дизајнираше комплексниот инженериски потфат на железничка мрежа исток-запад во Лондон. Значи, ќе ја понудиме оваа техничка експертиза. Што се однесува до финансирањето, постои британска извозна финансиска рамка која го нуди договорот за финансирање. Вкупната рамка е 5 милијарди фунти и досега владата разгледува искористување на околу 2 милијарди фунти, што е малку повеќе во евра, за стратешките проекти во железницата и болничката инфраструктура, изјави амбасадорот Лосон.

Tags: Британска амбасадаПартнерство
Next Post

Нуклеарните преговори меѓу САД и Иран влегуваат во критична фаза

НАЈНОВО

Општина Центар организира бесплатен музички настан со Јанг Дади

August 25, 2025

СДСМ: Мицкоски му дели задачи на Орце, како што ѝ делеше и на Арсовска

August 25, 2025

Николоски: Ќе се набавуваат и нови патнички возови

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk