По доделувањето на наградата за најкорисен играч (МВП), Националната кошаркарска асоцијација (НБА) ги објави и најдобрите дефанзивни петорки. Првата, секако, го предводи добитникот на наградата за најдобар дефанзивец во сезоната 2024/25, Еван Мобли.
Заедно со кошаркарот на Кливленд Кавалирс, меѓу првите пет се најдоа и Дрејмонд Грин од Голден Стејт, Лугенц Дорт од Оклахома Сити Тандер, Амен Томпсон од Хјустон и Дајсон Дениелс од Атланта Хокс.
Кога станува збор за втората петорка, тука се најдоа Тоума Камара од Портланд, Руди Гобер од Минесота, Џарен Џексон Џуниор од Мемфис, Џејлен Вилијамс од Оклахома и Ивица Зубац од Лос Анџелес Клиперс.