Анкета на „Внимание“, објавена на Трн.мк.
„Дали на Скопје му требаат уште клубови и дискотеки или доста ни се овие што ги имаме?“ А еве што кажуваат граѓаните: „Уште, малце се“, „Треба да имаме многу повеќе, сега немаме ништо“, „Треба уште, но да бидат многу подобри од тие што ги имаме до сега…“, „Требаат клубови, дискотеки, ама кои што ќе имаат тематика, кои што ќе бидат поразлични, како што било порано…“, „Јас мислам се доволни, и предоволни“, „Поише му фали културен живот, отколку што му фалат ноќни клубови“, „Сметам дека се доволно и овие што ги имаме, се додека работат“…
На прашањето, „Што е подобро? Заглавувањата по диска до 5 сабајле или дневни журки?“ повеќето од испитаници се одлучија за дневни журки. Меѓутоа, има и различни мислења.
На прашањето „На која возраст треба да се престане да се излегува по клубови?“, граѓаните даваат различни одговори.