Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, одговори на критиките од навивачите на англискиот тим насочени кон дефанзивецот Трент Александар-Арнолд, кој одлучи да го напушти клубот.
-Не велам дека не треба да бидете разочарани, но не заборавајте што направи тој за овој клуб. Кога ги слушнав извиците кон него, го исклучив телевизорот. Не можев да бидам повеќе разочаран. Ваквото однесување не е добро, рече Клоп во интервјуто за новинарот Џејмс Пирс.
Дваесет и шестгодишниот Александар-Арнолд на 5 мај објави дека ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната кога ќе му истече договорот.
Тој одигра 353 натпревари за „Црвените“, постигна 23 гола и 92 асистенции.