ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сиљановска-Давкова: И папата Лав 14. и италијанскиот претседател Матарела биле и остануваат наши пријатели

May 26, 2025 15:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

И папата Лав 14. и претседателот на Италија Серџо Матарела велат дека биле и остануваат наши пријатели, истакна претседателката Сиљановска – Давкова по аудиенцијата кај новиот Папа и средбата со нејзиниот италијански колега во Ватикан и Рим.

„Две импресивни средби – долга средба со Папата, а можете да замислите како изгледа разговор со еден врвен математичар, филозоф, ама и духовен човек. Нешто неверојатно, една посветеност, решеност да даде свој прилог во решавањето на светските проблеми, посветеност на најранливите категории како што тоа го правеше претходниот Папа, но исто така и заложби за ставање крај на војните и посветување на мирот“,  рече Сиљановска – Давкова.

Тој исто така мисли дека во светот, како што рече, треба да се случат реформи во ОН во смисла на нивно вклучување во решавањето на проблемите, „ама и преиспитување на патот по кој тргнале многу политичари, пат кој што нема ништо заедничко со уметноста на политиката, туку главно се темели околу тоа кој, кога и како добива“.

Во однос на средбата со својот италијански колега, Сиљановска – Давкова, како што јави известувачот на МИА од Рим и Ватикан, таа рече дека ги реафирмирале заложбите за реинтеграција на Западен Балкан и за нашата реинтеграција во ЕУ.

Исто така, вели, и претседателот Матарела е познат политичар, но и државник и што е најважно наш голем пријател.

„Она што е најважно што го слушнав од него е дека веќе разговарал и со господинот Антонио Кошта и со госпоѓата Фон дер Лајен за она што нам ни се случува. И не само како член на групата пријатели наши, туку и како голем пријател на Западниот Балкан, рече дека не смее ЕУ да дозволи ние да бидеме жртва на идентитетски прашања или на билатерализација врзана за идентитетските прашања“, истакна Сиљановска – Давкова.

Европската Унија не смее да дозволи да бидеме жртва на идентитетски прашања или нивна билатерализација врзана за идентитетски прашања, истакнал претседателот на Италија Серџо Матарела на дене

Таа рече дека очекува, исто како и Матарела, „да дојде до разговори со нашите соседи за да видиме кое е најдоброто решение“.

„Јас повторно ги реафирмирав нашите заложби за гаранции, бидејќи ако ова биде уште една од промените на која што укажува ЕУ тогаш не само што нема ништо да добиеме ние, туку нема да добие ништо ни Балканот, бидејќи приказната за ветото и приказната за билатерализацијата на евроинтеграцијата ќе се повтори“,  истакна претседателката Сиљановска – Давкова.

Таа уште еднаш повтори дека и Папата и претседателот на Италија велат дека биле и остануваат наши пријатели и дека навистина на тој пат нема да ги заборават ниту принципите на ЕУ, на кои таа потсетила, бидејќи, како што рече, Европска унија без принципи и вредности не може да биде филозофија, не може да биде престижна и инспиративна заедница.

„Но, исто така, и на потребата да седнеме културно со соседите, во случајов со Бугарија, и да го решиме проблемот“, посочи претседателката.

Таа смета дека зборовите на Матарела се охрабрувачки за нас и дека ние треба да сториме се за да решиме еден многу важен проблем. „И за него политиката на проширување е многу битна. Никогаш немало поголема потреба од обединување на Западниот Балкан во ЕУ, се разбира, како што реков врз основа на принципите кои се важни за демократијата, но и за нашиот просперитет“, истакна Сиљановска – Давкова.

Со аудиенцијата кај папата Лав 14. и средбата со италијанскиот претседател Серџо Матарела, претседателката Гордана Сиљановска – Давкова ја заврши неколкудневната посета на Рим и Ватикан во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“.

Next Post

Филипче: Лидерска средба и политичко обединување за иднината на евроинтеграцијата

НАЈНОВО

Николовски: Оставка од Трипуновски затоа што остави илјадници земјоделци без пари и блокираше 130 милиони евра

November 18, 2025

Били Ајлиш и Илон Маск во жесток онлајн судир поради богатството и одговорноста

November 18, 2025

Лувр затвори дел од музејот поради нестабилен под

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk