„Сите на велосипед“, е насловена манифестацијата што денеска се реализираше во Кавадарци, во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт, со поддршка на Општината.
– Станува збор за традиционална манифестација на која учество зедоа околу 600 ученици од основните и средните училишта заедно со своите наставници по физичко образование, спорт и здравје. Целта е да се зголеми активноста и придобивките од спортското живеење на младата популација, информираа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
Оттаму соопштија дека манифестацијата била проследена со богата лотарија, а главната награда била нов велосипед.