ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Некои од најтоксичните предмети во домот

May 28, 2025 13:29
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Луѓето прекумерно ги користат некои од вообичаените предмети за домаќинство – без да се земе во обѕир дека можат да му наштетат на своето здравје. Во врска со ова, гастроентерологот Саураб Сети од Сан Франциско, Калифорнија, САД, открива три од најштетните предмети што мнозина ги имаат дома.

Така, први на неговата листа се миризливите свеќи. Во овој поглед, освен обични, немиризливи свеќи, или оние направени од природни состојки, како соја или пчелин восок, сите други свеќи „треба веднаш да се исфрлат“ од домот, според докторот.

– Мирисните свеќи содржат фталати, за коишто е познато дека го нарушуваат нивото на хормони и предизвикуваат респираторни проблеми, нагласи Сети.

Фталатите се група хемиски соединенија што обично се користат за производство на пластика, особено поливинил-хлорид (ПВЦ). Често се нарекуваат пластификатори. Покрај во пластиката, фталатите се наоѓаат и во производите за лична нега, предметите за домаќинството, медицинските помагала, па дури и во пакувањата за храна.

Лошата страна кај фталатите е влијанието врз телото. Тие можат да ги имитираат или да ги блокираат хормоните, како што се естрогенот и тестостеронот.

Натаму, друг предмет што луѓето го имаат во својот дом, а е штетен, е кујнската пластична даска за сечкање храна.

– Со текот на времето, (тие даски) може да се распаѓаат, ослободувајќи микропластика во храната, којашто натаму се внесува во телото. Земете дрвена даска за сечкање, за да ја намалите опасноста, додаде лекарот.

Микропластика е ситни пластични честички – често невидливи со голо око коишто се сметаат нездрави од еколошки и здравствени причини. Микропластиката може да содржи токсични хемикалии – или од самата пластика, или апсорбирани од околината, што, на пр. исто така, може да ја попречат хормоналната рамнотежа, но и репродуктивното здравје, невролошкиот развој и имунолошкиот систем.

На трето место на листата се изгребаните, оштетени тави. Како што наведува д-р Сети, тие содржат перфлуорирани масни киселини…

– Тие се поврзани со висок крвен притисок, холестерол и репродуктивни проблеми. Оштетената тава може да ги пренесе овие честички во вашата храна. Затоа исфрлете ја веднаш штом на неа ќе се појават гребаници или пукнатини. Може да ја замените со побезбедни алтернативи, како нерѓосувачки челик или леано железо, советува Сети.

Полифлуороалкилните супстанции се голема група вештачки хемикалии коишто од 1940-тите се користат за производство на направи отпорни на вода, масло, топлина и дамки. Понекогаш се нарекуваат „вечни хемикалии“ бидејќи не се распаѓаат лесно во околината, или во човечкото тело. Се користат во правењето нелепливи садови (на пр. од тефлон), водоотпорни и ткаенини отпорни на дамки, обвивки за брза храна, ќеси за пуканки, козметички производи и пени за гаснење пожар.

Тие честички може да предизвикаат нарушувања на тироидната жлезда, во развојот кај доенчиња и деца, на репродуктивните хормони и плодноста, зголемена опасност од рак на бубрезите и тестисите, покачено ниво на холестерол, оштетување на црниот дроб и многу други проблеми.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Поглед на Венера од соларната сонда Паркер. Слика: NASA/APL/NRL

Нов потенцијален ризик од вселената: Скриени астероиди во орбитата на Венера можат да ѝ се заканат на Земјата

НАЈНОВО

Ацевски: Нашата визија е човекот пред профитот, нивната визија е брз профит – Ќе добие ли Имер Селмани нови згради во Ѓорче под превезот на „населба за млади“?

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп го повика претседателот Херцог да го помилува Нетанјаху

October 13, 2025
Скриншот

Вучиќ: Граѓаните да бидат мирни, нема да има недостиг од нафта и нафтени деривати

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk