Во целиот Североисточен плански регион единствена прочистителна станица е во Општина Куманово која долго егзистира, но начинот на нејзино функционирање генерира постојани долгови. Сè уште има проблеми со регулација на речните корита во регионот, изградба на пешачки и велосипедски стази, треба постојано да се апелира и да се преземаат мерки за чистота на водата. Проблем е што младите се иселуваат и од еколошки причини и лошата зелена инфраструктура.
Атина Мургашанска, како дел од Центарот за развој на Североисточниот плански регион, во разговорот за ЗЕЛЕН Цивил, истакна дека во надминување на овие проблеми се работи интезивно на јакнење на свеста кај граѓаните.
Биљана Јордановска / Цивил Медиа