Во сезоната 2025/26 елитната кошаркарска Евролига ќе брои 20 екипи.
На денешното собрание мнозинството делегати гласаше за проширување на лигата од 18 на 20 учесници.
Нови екипи во најсилното кошаркарско натпреварување во Европа ќе бидат Валенсија (Шпанија), Хапоел Тел Авив (Израел) и Дубаи „Обединетите Арапски Емирати).
Следната сезона во Евролигата ќе ја нема Алба Берлин (Германија) која ќе игра во Лигата на шампионите.
Лиценци за следните три години добија Валенсија, Монако, Партизан, Црвена Звезда и Виртус. Дубаи договори петгодишно учество на турнирот. Париз доби вајлд-карта за следната сезона.
Зголемувањето на бројот на учесници ќе доведе до подолга регуларна сезона со 38 кола.