Економијата на САД во првиот квартал од годината забележа пад од 0,2 отсто на годишно ниво, што е прво намалување во изминатите три години.
Растот во првиот квартал беше намален од наглиот пораст на увозот, бидејќи американските компании брзаа да увезуваат артикли пред претседателот Доналд Трамп да воведе огромни царини.
Падот на бруто домашниот производ (БДП) од јануари до март уследи по раст од 2,4 проценти во четвртиот квартал од 2024 година. Увозот порасна за 42,6 отсто, најмногу од третиот квартал од 2020 година, и го намали растот на БДП за повеќе од пет процентни поени. Потрошувачката на мало, исто така, забележа пад.
Се претпоставува дека големото зголемување на увозот во првиот квартал нема да се повтори во периодот април-јуни и не би имало влијае врз БДП.
Денешниот извештај е втор од трите процени на американското Министерство за трговија за БДП во првиот квартал. Конечната верзија ќе биде објавена на 26 јуни.