ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска за изборот на Славески: Партиски послушник кој барањето за повисоки плати го нарекуваше „фолклор“

May 29, 2025 11:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска, на вчерашната седница во Собранието остро реагираше на предлогот за избор на Трајко Славески за гувернер на Народната банка, оценувајќи дека станува збор за партиски послушник на ВМРО-ДПМНЕ и несоодветен избор за ваква значајна функција.

„Наместо независна и непартиска личност, за гувернер на Народната банка се предлага партиски војник, долгогодишен истакнат член и функционер на ВМРО-ДПМНЕ, во моментов член на Извршниот комитет на партијата. Овој предлог сериозно го доведува во прашање принципот на независност на институциите и создава сомнежи за политичко влијание врз клучните економски процеси во земјата“, рече Тренчевска.

Таа потсети дека Народната банка досега беше водена од гувернерка, непартиска личност со неспорен углед — Анита Ангеловска-Бежоска, првата жена на таа функција, која седум години ја извршуваше должноста без ниту една дамка во својата работа. Според Тренчевска, со предлогот Славески да биде гувернер, власта ја партизира и последната институција што ја водеше независен експерт.

„Што знаеме за Славески како политичар и функционер? За неговото име се врзани скапото задолжување на државата во 2009 година, за време на неговиот мандат како министер за финансии, кога беше издадена еврообврзница во вредност од 175 милиони евра со највисока досега каматна стапка — 9,87%. Во време на светската економска криза во 2008 година, наместо силни антикризни мерки — владата продолжи со скапи проекти, не понуди доволна поддршка на граѓаните, бизнисот и работниците. Даночната политика на Славески беше во корист на побогатите, воведувајќи го рамниот данок од 10.

Трајко Славески, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, беше најгласниот противник на зголемување на минималната плата. Славески го нарекуваше барањето за повисоки плати „фолклор“, а зголемувањето на минималецот го сметаше за економски крах“, посочи Тренчевска.

Таа се осврна и на неговите дискриминаторски ставови и објави на социјалните мрежи — кон Ромите и кон странските работници. А како претседател на Советот на Град Скопје ќе остане запаметен како лицето што го уништи градот, човекот што прави театар од седниците, свесно го блокираше функционирањето на градот, како човекот што ги водеше битките на ВМРО-ДПМНЕ со Арсовска откако им пропаднаа бизнис-зделките, и по изјавите со кои ги оправдува едностраните трошоци за скапи авионски билети во бизнис класа, додворувајќи се очигледно на премиерот, за да може да биде поставен на функцијата гувернер“, рече Тренчевска.

Неколку минути пред полноќ, во Собранеито на РСМ, Трајко Славески е именуван за гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија.

За Славески 68 пратеници гласаа „за“, а 16 беа против.

Поврзано: 

Трајко Славески е новиот гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: СлавескиТренчевска

НАЈНОВО

Скопје бара лидерство: СДСМ со визија, ВМРО со калкулации

July 16, 2025
Црна дупка. Фото илустрација

Црна дупка, 265 пати помасивна од Сонцето, се создала со спојување на две помали

July 16, 2025

Филипче: Власта ја претвори Македонија во Бејрут – убиства, закани и страв владеат на улиците

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk