ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Уставните измени во фокус на средбата на францускиот амбасадор со членовите на собраниската Комисија за надворешна политика

May 30, 2025 16:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија денеска остварила средба со Кристоф ле Риголер, вонреден и ополномоштен амбасадор на Француската Република во земјава.

Претседателот на Комисијата, Муса Џафери ја поздравил првата средба на Комисијата со амбасадорот Ле Риголер. Притоа го потенцирал придонесот на Франција од осамостојувањето на земјата до ден денес, вклучително бадентерот и рамката за решавање на спорот со Бугарија.

Како што информираат од собраниската прес-служба, токму билатералното прашање со источниот сосед, односно уставните измени, биле во фокусот на разговорите, како услов за отворање на преговорите за членство во Европската Унија. Во таа насока, беше побарано посредување на Франција за олеснување на комуникацијата и конечна деблокада на релација Скопје – Софија. Како што потенцирал Џафери, единственото решение за земјата е интеграција во ЕУ, не постои друга алтернатива затоа што припаѓаме на Европа и сме членки на НАТО.

Францускиот амбасадор истакнал дека проширувањето е комплицирана тема, но постои отворен прозорец и Западен Балкан треба да го искористи моментот.

-Евроинтегративниот процес е долг, со различни етапи, затоа апсолутни гаранции не може да има, а на крајот мора да следи и ратификација од сите земји членки на ЕУ. Најдобра гаранција е двете земји да можат да се договорат со помош на други држави или институции. Франција, како и други земји членки, е расположена да помогне и да даде свој политички ангажман за олеснување на преговорите. Сепак, мора да постои политички договор за деблокада, а за тоа е потребна добра волја и мал политички ризик од двете страни, нагласил францускиот амбасадор.

Во оваа насока, ги упатил и пратениците од двете земји со меѓусебни средби и разговори да придонесат кон враќање на довербата. Во меѓувреме, посочил Ле Риголер, земјата мора да се продолжи со спроведување на реформската агенда.

Во дискусијата се вклучиле и членовите на Комисијата – Иванка Василевска и Реџеп Исмаил, како и заменик-членката и потпретседателка на Собранието, Весна Бендевска.

Василевска ги истакнала заложбите за откочување на процесот со билатералното прашање и вербата дека копенхашките критериуми ќе бидат приоритетни за интеграцијата на Западен Балкан, зашто вакви преседани со билатерални спорови ќе се рефлектираат и во иднина кај други земји аспиранти за ЕУ.

Бендевска потсетила на тоа дека земјата е рекордер во чекалната на ЕУ и следствено на тоа е алармантната разочараност на граѓаните и државата. Го споменала Францускиот предлог од 2022 година кој не беше поддржан од граѓаните и постоењето несиметричен притисок само кон нашата земја во билатералниот спор со Бугарија. Иако сме мала земја, нагласила Бендевска, сепак имаме долга историја и местото ни е во ЕУ. Посочила дека е апсурдно што се наоѓаме во еден билатерален спор кој се покажува како поголем од исполнувањето на копенхашките критериуми.

Пратеникот Реџеп Исмаил го искажал ставот дека волјата на ЕУ да ги прифати земјите од Регионот, се покажува како геостратешка потреба за Западен Балкан. Нагласил дека јавноста во земјава нема јасна слика за бенефитите од ЕУ и сомнежот кај народот расте.

На крајот од средбата, амбасадорот изразил свесност за евроскрептицизмот и револтот од долгото чекање пред вратите на ЕУ, но нагласил дека треба да се гледаат огромните бенефити од членството во европското семејство. Нашата земја ја смета за пример во регионот и Европа како мултитничка демократија, и како таква треба да се вклучи во обединувањето на европското семејство со Западен Балкан.

Next Post
Фото: ЕПА/МИА

Александер Арнолд нов фудбалер на Реал Мадрид

НАЈНОВО

Foto: Wikimedia Commons

Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

August 18, 2025
Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk