Во тек е исплата на образовниот додаток за третиот мерен период за учебната 2024/2025 година, информира Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди – за првиот мерен период во текот на декември, за вториот мерен период во февруари, за третиот мерен период во мај и за четвртиот мерен период – во текот на јули во тековната календарска година.