ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Врховниот суд му дозволи на Трамп да депортира половина милион луѓе

May 30, 2025 19:16
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: ВИ

Фото: ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Врховниот суд на САД денеска ѝ дозволи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да го поништи привремениот легален статус на стотици илјади венецуелски, кубански, хаитски и никарагвански мигранти кои живеат во земјата, олеснувајќи ги напорите на републиканскиот претседател за зголемување на депортациите.

Судот ја суспендираше одлуката на федералниот судија кој ја запре намерата на администрацијата да ја прекине привремената дозвола за имиграција  овозможена за 532.000 мигранти од претходникот на Трамп, Џо Бајден.

Двајца од тројцата либерални членови на судот, Кетањи Браун Џексон и Соња Сотомајор, не ја поддржаа пресудата.

Привремената дозвола за имиграција овозможува престој во земјата врз основа на „итни хуманитарни причини или значаен јавен придонес“ и им овозможува на имателите да живеат и работат во САД.

Доналд Трамп го отфрли откажувањето на дозволите со наредба што ја потпиша на 20 јануари, првиот ден од неговиот втор претседателски мандат. Администрацијата изјави дека прекинувањето на привремениот правен статус ќе го олесни забрзаниот процес на депортирање на мигрантите.

Ова е еден од бројните случаи што администрацијата на Трамп ги поднесе пред Врховниот суд за да не ги поништи одлуките на судиите што го попречуваат спроведувањето на неговите политики.

На 19 мај, Врховниот суд му дозволи на Трамп да ја повлече привремената заштита од депортација што администрацијата на Бајден им ја додели на околу 350.000 Венецуелци во САД, во исчекување на пресудата на пониските судови.

Во обид да го намали бројот на нелегални гранични премини, во 2022 година Бајден почна да им дозволува на Венецуелците кои влегле во САД по воздушен пат да побараат двегодишна дозвола за престој доколку поминале безбедносни проверки и имале американски финансиски спонзор.

Бајден го прошири тој процес на Кубанците, Хаиќаните и Никарагваните во 2023 година, бидејќи неговата администрација се соочи со бран на нелегална имиграција.

Tags: Врховен судмигрантиСАДТрамп
Next Post

Протест на студентите во Белград, бараат распишување предвремени избори

НАЈНОВО

Скриншот

На годишнината од Кадифената револуција: Демонстрантите ја обвинија Владата на Фицо за поткопување на демократијата

November 18, 2025

Студентите во блокада под кибер-напад: Профилите во Нови Сад вратени, во Ниш се соочуваат со ботови

November 18, 2025
Скриншот

Хамас ја отфрли резолуцијата на ОН за мировниот план за Газа

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со д-р Благица Петрески: Буџетот за 2026 година е изграден врз нереално високи проекции на приходи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk