Поранешната шефица на германската дипломатија Аналена Бербок избрана е за претседателка на Генералното собрание не Обединети нации, јави Германската новинска агенција (ДПА).
Бербок беше единствен кандидат за оваа позиција, поради што гласањето беше само формалност.
Претседателот на ГС на ОН претежно има претставничка улога и мандат од една година.
Бербок официјално че стапи на функцијата на 9 септември, непосредно пред почетокот на општата дебата на 80. сесија на Генералното собрание.