ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ: Вистината за Кочани – Зошто Мицкоски ја штити Кристина Јованова инспекторка за економски криминал?

June 3, 2025 12:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРАГЕДИИ

– Зошто Христијан Мицкоски го плаши вистината за трагедијата во Кочани? Дали најголемиот страв на власта е дека ако се соочат со правдата виновниците и актуелните функционери на ВМРО-ДПМНЕ, истрагата ќе стигне до највисоките струткури во власта на чело со премиерот? Зошто после речиси три месеци нема ниту еден актуелен функционер обвинет за најголемата трагедија во независна Македонија во која 62 деца го загубија својот живот, а повеќе од 200 беа повредени?! Дали Христијан Мицкоски ја штити главната инспекторка за економски криминал во ОВР Кочани – Кристина Јованова која морала да знае дека во дискотеката Пулс се случува економски криминал? Дали се работи за уште еден партиски кадар кој носел и дома и во партија?, изјави на прес конференција на СДСМ, Мартин Костовски – организациски секретар.

„Како е можно двајца полицајци кои минатата година ја казниле дискотеката поради нарушување на јавен ред и мир пишувајќи казна на неактивната фирма ДПТУ Класик ДМ ДОО на газда Деко да бидат дел од истрагата за Кочани, а главната и одговорна која била должна да провери која фирма сега раководи со деловниот објект да биде поштедена?

Зошто Јованова не проверила дали фирмата која била казнета има никаква економска активност?

И ако проверила зошто тогаш соодветно не ја казнила компанијата „Мммм кафе дооел Кочани“ која стопанисувала со дискотеката Пулс кобната вечер?

Дали Јованова земала дел од колачот на газда Деко?

Како Јованова дозволила и натаму да работи „Мммм кафе дооел Кочани“ имајќи го во предвид фактот дека објектот само неколку месеци пред тоа бил казнет од страна на

УЈП за неиздавање на фискални сметки?

Како е можно Јованова и раководството на МВР да дозволат со дискотеката Пулс која имала илјадници посетители секоја недела да стопанисува фирма со блокирана сметка која не може да обавува никаква економска активност?

Ако фирмата има блокирана сметка тоа значи дека ги плаќала кон добавувачите, вработените и сите останати обврски нелегално со црни пари во кеш!

Кочани не е милионски град па Јованова или било кој во МВР да не може да открие дека единствената дискотека во градот работи на црно, пере пари и го оштетува буџетот на државата!

Доколку МВР и сите надлежни институции навреме го детектирале криминалот во дискотеката Пулс немаше да загубиме ниту еден млад живот!

Го повикуваме обвинителството да спроведе независна истрага и да се ослбоди од стегите од власта.

Доколку имаат притисоци, закани или уцени од премиерот, Христијан Мицкоски или било кој државен функционер нека излезат и јавно нека споделат со јавноста! Народот ќе биде на ваша страна и ќе ве заштити!

Се додека нема правда за жртвите на пожарот во Пулс, СДСМ нема да запре со „Вистината за Кочани“!“, истакна Костовски.

Next Post

Инфлацијата во Турција над 35 отсто, најмногу поскапело образованието

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk