ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитриеска-Кочоска: Растoт на БДП е најрелевантен показател за политиките што ги спроведуваме, проектираните 3,7 отсто се остварливи за оваа година

June 4, 2025 15:10
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Бројките се најрелевантниот показател за политиките што ги спроведуваме и претставуваат смерница за креирање на политиките во наредниот период. Раст на Бруто домашниот производ (БДП) од 3 и над 3 проценти последователно во три квартали е потврда за нашата политика што ја најавивме за стабилизација на макроекономската состојба и можност да стартуваме со политиките коишто ќе не водат кон забрзување на економската активност на домашната економија и повисоки стапки на економски раст.

Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на прес-конференција на која се осврна на последните објавени податоци за раст на БДП во првиот квартал од 2025 година.

Таа рече дека од почетокот на годината скоро 11 милијарди денари од Буџетот се вбризгани во економијата преку компаниите коишто работат на изведба на инфрструктурни проекти, близу 500 милиони денари кон компаниите кои работат на општинските проекти за кои, исто така, се обебедени средства од Буџетот, над 125 милиони евра за инвестиции на домашните компании преку Развојната банка, како и раст на просечната плата од 10,5 отсто што е поттикнување на потрошувачката и индиректно на економијата и раст на пензиите за 2.500 денари.

Министерката за финасии, Димитриеска-Кочоска  потенцира дека станува збор за првични сигнали коишто се поволни и претставуваат показател дека проектираниот раст од 3,7 отсто е остварлив за оваа година и ќе биде мотор за остварување повисоки стапки на раст на среден рок кои просечно годишно би изнесувале 4,7 проценти, а кои ќе базираат на инвестиции и во јавниот и во приватниот сектор.

Државниот завод за статистика, вчера објави дека растот на БДП во првиот квартал од 2025 година изнесува 3 отсто и дека тој се темели на широка основа, со позитивни остварувања во сите сектори.

Next Post

Уставен по најавата за интерпелација на Костадиновски: Судот останува на ставот дека институтот „интерпелација” не се однесува на уставните судии

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk