ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Комитетот за надворешни работи на ЕП го одложи гласањето за усвојување на Предлог-извештајот за земјава

June 4, 2025 13:19
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На предлог на известувачот Томас Вајц, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска го одложи гласањето за усвојување на Предлог-извештајот за земјава за 24 јуни.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Вајц во образложението на предлогот нагласи дека бил сведок на интензивни политички дебати околу извештајот, но дека апсолутно стои зад документот, за кој во преговорите и компромисите, како што рече, биле вклучени сите пратенички групи во Европарламентот.

– Ова е извештај на Европскиот парламент и на Европската Унија. Овој извештај нема намера и нема за цел решавање на билатерални прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија. Сепак, знаеме дека се работи и за билатерални односи, но исто така, да речеме, за владеењето на правото, за третманот на малцинските заедници и така натаму. Затоа би сакал да побарам одлагање на гласањето по овој извештај за 24 јуни, рече Вајц.

Тој нагласи дека целта на ова барање е да им даде можност на неговите колеги европратеници, особено оние од редовите на десничарските пратенички групи Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) и Европа на суверени нации (ЕСН) „да ги ажурираат своите лоби регистри“.

Вајц му се обрати директно на бугарскиот европратеник Ивајло Валчев од партијата Има таков народ (ИТН), која е членка на ЕЦР, посочувајќи дека тој самиот најавил три лоби состаноци.

– Знам дека понекогаш сме малку преоптоварени со работа во нашите канцеларии и сакам да ви дадам можност да ги ажурирате вашата лоби регистри и да се навратиме на ова гласање на 24 јуни, додаде Вајц.

Шпанскиот европратеник Начо Санчез Амор изјави дека неговата пратеничка група на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) го поддржува предлогот само затоа што доаѓа тој од предлагачот на Извештајот, при тоа заблагодарувајќи им на сите кои биле вклучени во изработката на документот, за како што рече, постигнатиот одличен резултат.

– Но, не можеме да ги прифатиме и ги отфрламе непријатните обвинувања и инсинуации што беа користени за да се оправда барањата за одлагање што доаѓаа од други групи. Нема потреба да обвинувате некого, за да побарате нормална работа, како што е одлагање. Длабоко жалиме за зборовите и обвинувањата што беа изнесени на сметка на Вајц и другите преговарачи, додаде Санчез Амор.

Тој повика да не се прават преседани со кои ќе се дозволи на надворешни актери да се мешаат и „да создаваат ситуации“ во Европскиот парламент. – Дајте да се заштитиме од такви мешања, потенцира шпанскиот европратеник.

Валчев и неговиот сонародник, европратеникот Станислав Стојанов за време на вчерашната дебата во АФЕТ за пристапниот процес со еврокомесарката за проширување Марта Кос најавија дека побарале од раководството на Парламентот да биде запрена постапката за усвојување на извештајот, обвинувајќи за „протекување на информации во реално време“ во текот на подготовката на документот.

Стојанов дури го обвини Вајц дека имал „ненајавени средби“ со македонските власти и ги нарушил правилата за транспарентност на Европскиот парламент, со што, според него, предложениот извештај е компромитиран и необјективен.

На денешната седница на АФЕТ, Валчев ја поздрави, како што рече, мудрата, навремена и одговорна одлука на Вајц за одлагање на гласањето, но ги отфрли неговите тврдења за „ажурирање на лоби регистрите“, тврдејќи дека тој не одржуваа состаноци со лобисти.

– Му благодарам уште еднаш за оваа, во овој момент, навистина мудра и одговорна одлука и се надевам дека во деновите и во неделите што ги имаме до следното разгледување, тој, исто така, ќе покаже мудрост и ќе свика барем уште еден состанок на известувачите во сенка за да ги разјасниме преостанатите чувствителни прашања, рече Валчев.

Стојанов, кој доаѓа од националистичката партија Преродба, членка на ЕСН, исто така го поздрави предлогот на Вајц, оценувајќи го како „манифестација на здрав разум“.

Тој додаде и дека очекува во наредните денови раководството на ЕП да ги разгледа сите информации за „утврдените неправилности“ поврзани со подготовката на Извештајот.

– И на крај би сакал да му порачам на Вајц дека нашите (лоби) регистри се ажурирани, за разлика од неговите, додаде Стојанов.

Романскиот европратеник Ден Барна од редовите на групата на либералите, го поддржа предлогот на Вајц, но, исто така, и ја осуди кампањата покрената против него. – Ова е неприфатливо и не треба да се повторува, изјави кусо Барна.

Претседавачот на АФЕТ, германскиот европратеник Дејвид Мекалистер, по ова, изјави дека согласно практиката нема потреба за гласање по предлогот, бидејќи тој доаѓа од предлагачот на Извештајот и само констатира дека изјаснувањето по документот е одложено за 24 јуни.

Претходно, со 56 гласа „за“, 13 „против“ и 5 „воздржани“ АФЕТ го усвои Предлог-извештајот за Босна и Херцеговина, а со 57 гласа „за“, 11 „против“ и 6 „воздржани“ и предложениот извештај за Албанија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВајцЕП

НАЈНОВО

Пуштени во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, власта се фали за својата посветеност и работа

July 13, 2025

(ВИДЕО) Римац Невера Р постави 24 светски рекорди, станува најбрзиот електричен автомобил досега

July 13, 2025

Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk