ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Министерството за финасии подготвува дополнителни производи преку Развојната банка за да се намали увозот, најави Димитриеска Кочоска

June 4, 2025 14:25
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Во однос на увозот, загрижува  податокот дека е поголем од извозот и тука апсолутно  нема збор и ние како Министерство за финансии подготвуваме дополнителни производи преку Развојната банка, коишто ќе значат малку поголема поддршка на преработувачката индустрија, истакна денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска која одговараше на новинарско прашање за разликата меѓу увозот и извозот.

Таа најави дека кога ќе ги спремаат новите производи за намалување на увозот јавноста ќе биде информирана.

-Сето тоа е во насока колку повеќе имаме преработувачка индустрија и да искористиме што е можно повеќе производи од нашите земјоделци и тоа ќе значи дека притисокот на увозната страна за храна би требало да се намалува. Сето она што е во надлежност не само на Министерството за финансии и на Владата се прави и токму затоа ги даваме и овие 250 милиони евра за приватниот сектор преку Развојната банка, рече Димтрисека Кочоска.

Таа додаде дека досега 125 милиони евра се веќе исплатени кон приватниот сектор и тука, како што рече, очекува да има одредени ефекти.

-Јас очекувам позитивно да влијаат и на преработувачката индустрија, мене посебно ме загрижува храната, иако се загрижува. Но, храната ми е посебен фокус да речеме, затоа што од земја којашто троши многу средства за субвенционирање на земјоделците, ние треба да имаме одредени бенефити од тоа и би требало да не ни се случува да имаме зголемен увоз на храна, па дури на земјоделски производи. Тоа е нешто што Министерството за земјоделство го работи и треба да го работи во периодот што следи, можеби одредени прилагодувања на мерки итн., изјави Димитриеска Кочоска.

Забележа дека на крајот на денот сите средства коишто ги даваме од буџетот треба да бидат во насока на подобрување на вкупната економска активност, вклучително и увозот.

На новинарско прашање  дека очигледно многу пари се даваат за субвенции во земјоделство, а нема ефект и каде е проблемот, Димитриеска Кочоска кажа дека ова не е во нејзина надлежност, туку министерот за земјоделство е одговорен за спроведување на политиките во овој ресор.

-Јас повторно ќе кажам, она што е во доменот на Министерството за финансии, она што можеме да го искористиме преку разни кредити од Развојна банка со поволна камата, коишто би ги насочиле кон земјоделието и преработувачката индустрија ќе гледаме да ги насочиме и да ги поврземе со домашните земјоделци, со цел да имаме поголем ефект и искористување од тоа што тие го прозиведуваат. Во делот на политиките мерките и промени во земјоделието навистина не би можела да кажам. Но можам да се сложам со констатацијата дека не е голем, не се зголемува додадената вредност од трошењето на овие средства, вели Димитриеска Кочоска.

Tags: дополнителни производиМинистерството за финасииРазвојната банкаУвоз
Next Post

Аритон Ала е нов заменик-претседател на Судски совет на РСМ, нема кандидати за претседатели на судовите во Берово, Делчево и Радовиш

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk