Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување и претседателот на политичката партија Демократски сили на Ромите, Шабан Салиу, кој е опфатен со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, денеска изјави дека не чуствува апсолутно никаква одговорност и вина.
На новинарско прашање за негова одговорност во врска со случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и тоа што беше опфатен со истрагата како поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување, рече дека не чуствува апсолутно никаква одговорност.
-Апсолутно во тој поглед не чуствувам одговорност, верувам во нашата држава, верувам во системот, верувам во правосудните органи, правилно ќе ги согледаат и аргументите и сите, да кажам, посебни моменти од тој случај. Јас сум правник по вокација и сум доктор по политички и правни работи, сум бил и адвокат, сум работел и по судовите. Оставам на совеста на државата да одлучи дали имам јас вина или немам. Лично со душа и со срце тврдам, дека немам апсолутна вина, рече Салиу.
Во однос на истрагата, рече дека е потребна во одредени случаеви.
-Се водам од општата правна иницијатива, општата презумпција на невиност, се додека не се докаже дека некој е виновен, тој е невин, рече тој.