ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Финскиот виртуоз Кимо Похјонен и дивата на португалскиот џез Марија Жоао вечер на ОФФест

June 6, 2025 16:46
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Финскиот виртуоз Кимо Похјонен, своевиден револуционер на хармониката кој поради специфичниот стил на свирење е исклучителен во глобални рамки, ја отвора втората вечер на ОФФест што ќе се одржи во Националната опера и балет. По него ќе настапи португалската пејачка Марија Жоао која неодамна, со нов албум, ја прослави 40-годишната кариера.

Похјонен е еден од ретките артисти кои создале нов и независен жанр ако се земат предвид неговите уникатни проекти и композиции. Со децении редовно настапува по светот и бил на програмата на фестивали и клубови со фокус на различни музички правци. Низ долгата и плодна кариера се впуштил во проекти кои можат да се дефинираат како рок, фолк, авангарда, импровизација и класична музика, но тука се и театарските и танцови перформанси. Оригиналните и екстремни композиции, аудио деталите и анимираниот настап на сцена се главните причини зошто Похјонен е на светската мапа. Развојот на кариерата и вкусовите на Кимо Похјонен е невообичаен како и самата негова музика. Со хармониката се запознава на негови осум години во семејната танцова група и зрее свирејќи финска народна музика. Интересот подоцна се сели кон кејџун музиката од Луизијана и хармоникашките стилови од Тексас. Во еден период живее и во Буенос Аирес, за да го совлада и танго нуево стилот и музиката на Астор Пјацола. Кимо Похјонен е и магистер по музика со диплома од престижната хелсиншка Сибелиус Академија, каде често и предава.

Похјонен вечер настапува со аудио инженерот Сами Тамела.

По нив, од 22 часот, е Марија Жоао позната како „глобално признаено живо богатство“. Нејзиното име е неизбришливо од историјата на португалскиот џез.  Пред повеќе од 40 години, во 1983-та, со нејзиниот настап во Orfeu и истоимениот албум, Марија Жоао тргна на своето уникатно патешествие. Нејзиниот опус е манифестација на слободата која ја нурна во најдлабоките акустични традиции, а со еднаква леснотија ја вивна и во електрониката. Иднината секогаш е најдоброто место, верува пејачката која со декади градеше различни успешни партнерства, од Марио Лагиња до Карлос Бика, Аки Такасе, Андре Мехмари, Колективот Огре, Егберто Гисмонти, Џо Завинул, Трилок Гурту… Жоао неодамна го издаде албумот „Abundância” (2025), снимен во Лисабон и во Мозамбик со кој одбележа четири децении кариера. „Abundância” е плоча за нејзиното враќање кон корените. На сесиите во Мозамбик учествуваат локални музичари и чудесен хор кои оставаат печат на изданието продуцирано од мајсторот на електроника, Луиш Фернандеш. Секогаш отворената приказна на Марија Жоао повторно нуди нова визија која во една песна може да премине од џез во електроника и да го адаптира гласот на нотите на инструментите. Со „Abundância“ Жоао уште еднаш ги премина музичките мостови меѓу минатото и сегашноста, џезот и „музиката на светот“, ритмите и мелодиите. После Лисабон, ОФФест е првата европска концертна премиера на новиот проект.

Жоао вечерва настапува со João Farinha клавијатури и електроника, Hortensio Langa тапани, Mariana Ramos придружен вокал, Inês Aalmeida придружен вокал и Mariana Brissos придружен вокал.

Утре публиката ќе ужива во африканска вечер, со Vieux Farka Touré од Мали и Флоренс Адони од Гана.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ОФФ ФЕСТ

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk