ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025 19:43
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Претставата „12“ говори за немпетентноста на современото живеење кога случајни луѓе решаваат за судбината на еден човек, што е глобална состојба. Ова, меѓудругото беше речено на денешните први разговори на тркалезната маса, а беа за синоќешната претстава на МНТ „12“ во режија на Синиша Евтимов. Претставата го отвори 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што се одржува во Прилеп.

-Култниот филм „12“ одамна ми остави силен впечаток, ама решивме дека сега е време да го преточам во претстава која најмногу говори за некомпетентноста на луѓето да решаваат за нашата иднина што е глобален проблем. Посебно е впечатливо што на едно место се собрани сите актери и сите се во претставата, рече режисерот Синиша Евтимов.

Модераторот на разговорите Ѕвонко Димоски ја загатна дилемата дали сме подготвени да се видиме лице в лице со сопствените предрасуди.

-Театарот мора и треба да биде провокација, рече Димоски. Режисерот Евтимов со увереност додаде дека театарот мора и да забавува.

Според директорот на МНТ, Никола Кимовски кому претставата му е прв проект од раководната фунција, од првата проба почнале да продаваат влезници и од премиерата по 30-тина изведби има полни сали и се бара влезница повеќе. Како што беше и за прилепската публика која покажа огромен интерес.

Претставата „12“ на МТФ „Војдан Чернодрински“. Фото: МТФ „Војдан Чернодрински“

-Го следев процесот на создавањето на претставата и таков спој и динамика ретко се случува во театарот, рече Кимовски.

За актерот Сашко Коцев, фасцинантен е предизвикот за работата на претставата.

-Ова е текст, според мене, монолог на еден човек, а го говорат 12 луѓе. Тоа беше голем предизвик, рече Коцев.

Според актерот Ѓорѓи Јолевски, режисерот со претставата има силна и чиста идеја.

-Прва соработка ми е со Евтимов. Ја имав целосната слобода на сцената. И по 30-тина одиграни претстави секој лик се обидува да се изгради уште повеќе, рече на денешните разговори актерот Јолевски.

Селекторот и уметнички директор Ана Стојаноска нагласи дека театарот е многу добро разбран во претставата „12“.

-Текстурата е многу моќно направена и колку добро еден лик се преобразува пред нас. Тоа значи дека театарот ни го дава она наубавото- актерот, рече Стојаноска.

Денеска богат ден на  на Фестивалот. Од 10 часот на платото пред Саат кулата во Прилеп се одржа „Детската зона“ што ќе биде практика сите театарски денови. Во 11 часот во прилепското кино „Мис Стон“ беше нововостановената „Драмолетање“ со отворени разговори меѓу режисерите, актерите, театарските чинители.

Вечер на програмата е втората претстава во конкуренцијата за награди. Од 19 часот на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“  со претставата „Црно семе“ од Ташко Георгиевски во режија на Андреј Цветановски пред фестивалската публика во Прилеп ќе се претстави ансамблот на битолскиот Народен театар.

Од 21 часот во галеријата од Центарот за култура „Марко Цепенков“ е претставата од независната продукција „Сите најубави нешта“ од Данкан Мекмилан во режија на Дејан Пројковски а во  „ОХО продукција“ од Скопје.

Tags: МНТМТФ „Војдан Чернодрински”претстава 12
Next Post

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

Shortcut

Најново

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk