Струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов осомничен за сериозни финансиски злоупотреби, доби триесет дена притвор.
Тој од Кривичен суд ќе биде спроведен во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка.
Мерката му е одредена поради опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да го повтори делото.
МВР попладнево соопшти дека поднело кривична пријава против Р.К.(56) , З.К.В.(30) и В.П.(29), од Струмица за „злосторничко здружување“, за „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „даночна измама“ против дваесет други лица и 15 правни лица. Со наведените дејствија, како што се посочува во соопштението, пријавените оствариле противправна имотна корист во вкупен износ од 5.801.937.796 денари или 94,3 милиони евра на штета на државниот буџет.