ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Јаневска: На 1 септември ќе ги има сите учебници, училиштата да ги пријават оштетените за да бидат заменети

June 11, 2025 11:56
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука и Педагошката служба, која е во негов состав, имаат издвоено средства за замена на сите оштетени учебници. Министерката Весна Јаневска денеска апелираше училиштата да се обратат доколку имаат потреба за нов тираж учебници за учениците да бидат мотивирани да учат од неоштетени учебници.

На прес-конференција таа рече дека деновиве прима многу поплаки од родители кои се пожалиле дека на нивните деца им биле дадени оштетени учебници, некои и со пообемно оштетување. Потсети на законската обврска секое училиште да формира комисија која ќе ги провери учебниците што ги враќаат учениците од претходната година, да процени дали се во добра состојба за да им се предадат на следна генерација ученици или треба да бидат заменети.

-Под надзор на директорот на училиштето, таа комисија треба да ги издвои настрана оштетените учебници и потоа од МОН да побара тие учебници да бидат обновени односно да се обратат до Педагошката служба и во отворен електронски систем да пријават колку учебници им недостигаат за ние да може да набавивме нови учебници. За жал, во изминатите години властите, исто така, се соочувале со овој предизвик и тој постојано не бил решаван. Овојпат јавно се обраќам до сите дека МОН и Педагошката служба имаат издвоено средства за сите оштетени учебници да бидат заменети за учениците да не бидат демотивирани дека им фалат страници и да не можат да прочитаат, па и наставниците да се чувствуваат исто така, рече Јаневска.

Оштетени учебници се пријавуваат во текот на мај, а Педагошката служба го продолжила рокот. За разлика од лани, пријавени се трипати повеќе оштетени учебници за кои е потребна замена, односно 18 000 наспроти 6000. Доколку има потреба, системот за пријавување повторно ќе биде отворен за да биде дополнет тиражот за обнова на учебници.

Замената на овие, засега 18 000 учебници, се дел од над 500 000 учебници што ги обезбедува МОН за сите предмети во основното и во средното образование. Годишно, во просек, за набавка на учебници Министерството издвојува околу 660 милиони денари.

Јаневска на прес-конференцијата соопшти и дека на 1 септември ќе ги има сите учебници, вклучително и за странски јазици од прво до деветто одделение. За седмо одделение ќе има учебници по нова програма откако беа направени измени на Концепцијата  и предметите, како историја и географија, хемија и физика, на барање на наставниците и родителите, се учат издвоено наместо интегрирано.

-Оваа година ќе има полн тираж за седмо одделение во целата држава, нови учебници по нова програма. Нови учебници по нова програма ќе има и за први клас гимназиско образование.  Тие процедури се при крај и веќе сме подготвени да почнеме со се што е потребно за на 1 септември училиштата да бидат спремни, истакна Јаневска.

МОН во текот на летото, рече, ќе работи опсежно и нема да користи годишни одмори затоа што најмногу обврски има токму во летниот период – „печатење, откуп на учебници, уписи во средните училишта, квотите на факултетите“. Порача дека МОН им е на располагање на директорите, на наставниците и на високото образование доколку имаат какви било потреби за комуникација.

На учениците им посака пријатен одмор со порака „забавата да биде балансирана со читање лектири, со обновување материјал што не бил совладан и, евентуално, со подготовка на следната година“.

Јаневска посочи и дека во учебната година што заврши, за околу 17 000 е помал бројот на основци и средношколци отколку пред седум години, што најмногу се должи на иселувањето. На странски универзитети студираат околу 5000 македонски студенти.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Јаневскаучебнициучилишта

НАЈНОВО

Претставата „Рацин“ на велешкиот театар е забележителен, нов сценско – музички перформанс, МТФ „Војдан Чернодрински“ вечер ја завршува програмата

June 12, 2025

Мицкоски за коментарите за селективна правда за Кочани: Директно сум нападнат од овие некрофили, а јас молчам

June 12, 2025
Фото: МИА

Не помина во Собранието предлог законот за една изборна единица со отворени листи предложен од Зајкова

June 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО снимки од авионот на Ер Индија што се урна со повеќе од 240 патници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради пожарот во Вардариште без струја 47.000 корисници во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk