Ливерпул постигнал усмен договор со Баер Леверкузен за трансферот на германскиот офанзивен играч за врска Флориан Вирц, јавуваат повеќе извори, вклучително и Фабрицио Романо и Sky Sports Germany.
Според информациите, двата клуба имаат „основен договор околу условите на трансферот“, при што остануваат уште неколку детали за финализирање. Очекувањата се дека 22-годишниот Вирц наскоро ќе отпатува на Мерсисајд за да ги заврши лекарските прегледи и медиумските обврски, додека личните услови со клубот веќе одамна се договорени.
Потенцијалната вредност на трансферот изнесува до 126 милиони фунти, вклучувајќи бонуси и дополнителни клаузули, што би го направило Вирц најскапиот трансфер во историјата на британскиот фудбал. Оваа сума го надминува и досегашниот рекорд на Ливерпул — трансферот на Дарвин Нуњез од Бенфика.
Според извештаите од Германија, основната сума на трансферот изнесува околу 140 милиони евра (118 милиони фунти), што значи дека дополнителните клаузули изнесуваат околу 8 милиони фунти.
Флориан Вирц зад себе има блескава сезона во дресот на Леверкузен, каде што одигра клучна улога во освојувањето на шампионската титула во Бундеслигата — прва во историјата на клубот — без ниту еден пораз во целата сезона.
Ј. Ѓ.