ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски: За разлика од Филипче сметам дека имаме поголема слобода изминатава година, со ваквите изјави тој си прави лош пи-ар

June 11, 2025 14:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ја слушнал изјавата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче дадена во Атина, во која вели дека нашата држава е авторитарна и изрази жалење што лидерот на опозицијата има такво чувство.

-Јас па напротив мислам дека поголема слобода во општество, во оваа една година, која што е и во медиумите, не постоела. Можеби треба да го прашате врз основа на кои критериуми, кои параметри, тој носи ваков заклучок. Но, јас не мислам дека тоа е така, дури и ако ги гледате извештаите од реномирани меѓународни институции, дури и од Репортери без граници ќе видите дека во рамките на слободата ние напредуваме. Ние назадуваме во рамките на рефлектирањето на лажни вести и обидот да се спинуваат одредени вистини, изјави Мицкоски.

Премиерот Мицкоски упати совет до претседателот на опозициската СДСМ, Филипче дека ваквите изјави не само што се лош пиар политики за него, туку се сосема погрешни.

-Можам само да го советувам која било изјава политичка, без разлика каква и да е, која доаѓа од некридибилна личност, посебно тоа што го рефлектира, не го чувствуваат граѓаните, ниту кој било друг тогаш тоа му се враќа како бумеранг и не само што нема добар пиар политички за него, туку напротив сосема погрешно, рече Мицкоски.

Прашан дали преговара за проширување на парламентарното мнозинство, бидејќи уште се заглавени неколку закони во македонското Собрание, немајќи бадентер, особено за гласање на  Државниот инспекторатот за јазиците, Мицкоски со одговор дека тоа што опозицијата го прави во Парламентот е навистина без преседан, бидејќи вработените  шест месеци не можат да земат плата.

-Нашиот предлог е тие луѓе согласно измените во законот, бидејќи тие го гласаат, тогаш да прејдат во Министерството за правда и да може министерот за правда да потпише плата за изминатите шест месеци, за да не влегуваме во процес на создавање на поинакви начини на создавање на мнозинство, кое што е потребно за гласање, а потоа веднаш да почнеме процедура, да изгласаме измени во друг Закон, каде што инспекторат ќе биде орган во состав на Агенцијата, бидејќи Агенцијата е таа којашто креира политики, околу употребата на албанскиот јазик, а овој инспекторат треба да спроведува, односно да проверува, дали тие политики се спроведуваат, изјави Мицкоски.

Премиерот забележа дека во овој момент е многу важно сите заедно, без политизирање да се изгласаат овие две работи, за да можат вработените да земат плата.

-Јас не би сакал во некои поинакви сценарија да влегувам и како Влада итн. Дајте луѓето да си земат плата, тука нема политика, исто какошто гласаа ..во Законот, можат да го изгласаат и ова, нема да изгубат ништо, туку напротив ќе добијат, ќе покажат големина, рече Мицкоски.

Тој додаде дека доколку опозицијата не даде поддршка на овој Закон, како Влада веќе имаат планови, бидејќи не може да се остават вработени без плата

-Ние сме Влада на сите граѓани и ќе сториме се што е во наша моќ ова да се надмине, вели Мицкоски.

Поврзано: 

Филипче од Атина: Работниците мора да знаат дека само со социјалдемократија нивните права и стандард ќе растат

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МицкоскиФилипче
Next Post

Градоначалникот на Берово, Пекевски на Форум за паметни градови во Брно, Чешка

НАЈНОВО

Фото: Општина Кочани

Денови на кочанскиот ориз 2025 – во симболично издание

October 3, 2025
Фото: Влада

Мицкоски – Мацут: Унапредување на билатералните односи и економската соработка, гасно и коридорско поврзување

October 3, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: СДСМ води црна кампања, со монтажи и спинови, да не дозволиме повторно да бидат власт

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева блесна на „The Voice of Germany“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk