Под мотото „Играме шах за Кочани“, во организација на Општина Кочани и Градскиот шаховски клуб „Кочани“, со поддршка на Шаховската федерација на Македонија, в сабота, 14 јуни 2025 година, во хотелот „Амор“ во Кочани ќе се одржи Меѓународен турнир во забрзан шах.
Пријавувањето на учесниците е во тек и ќе трае до сабота до 9 ч. Ќе се игра согласно ФИДЕ-правилата за забрзан шах во 9 кола по швајцарски систем. Турнирот е отворен за сите заинтересирани шахисти, без оглед на рејтинг, титула или место на живеење.
Според најавите од Шаховскиот клуб „Кочани“ се очекува на турнирот да настапат стотина учесници, што ќе го направи овој шаховски турнир најмасовен во историјата на Кочани. Досега се пријавени шахисти од Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Црна Гора, меѓу кои се и врвни шаховски имиња.
Наградниот фонд го обезбедува Општина Кочани, а сите приходи ќе бидат донирани во фондот за загинатите и повредените во несреќата што се случи на 16 март 2025 во Кочани.
Турнирот ќе започне во 10:30 часот.
Пријавување за учество на турнирот на е-адресите: ИО ИА Зоран Стојчевски –[email protected]; ИМ Марјан Митков – [email protected]