Во 2024 година имало повеќе вооружени конфликти отколку во која било година по Втората светска војна, објавија денеска истражувачите од организацијата Програма за податоци за конфликти (UCDP) со седиште на Универзитетот во Упсала во Шведска.
Тие нагласуваат дека лани биле регистрирани 61 меѓудржавен конфликт, вклучувајќи 11 војни во кои цивилите биле особено изложени на ризик.
Цивили не биле само колатерална штета, туку и жртви на намерно насочени напади, велат шведските истражувачи.
Речиси 160.000 луѓе ширум светот загинаа минатата година како резултат на организирано насилство, што е петти најголем број жртви од 1989 година, објавува лондонски Гардијан.