Индијана ноќеска ја победи Оклахома со 116:107 во третиот натпревар од финалната серија на НБА плејофот.
Сега Пејсерси водат со 2:1 во серијата прв до четири победи.
Канаѓанецот во редовите на Индијана, Бенедикт Матурин постигна 27 поени и беше најефикасен кошаркар на теренот. Тајрис Халибартон со дабл-дабл – 22 поени и 10 асистенции придонесе за триумфот на домаќините.
Кај Оклахома се истакнаа Вилијамс со 256 и Гилџеус-Александер со 24 поени.
Четвртиот натпревар во серијата ќе се игра на 14 јуни со почеток во 2:30 часот, повторно на теренот на Индијана.