ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски за коментарите за селективна правда за Кочани: Директно сум нападнат од овие некрофили, а јас молчам

June 12, 2025 21:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски во своето денешно гостување во централниот дневник на телевизија Алсат, во однос на забелешките во јавноста дека за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани не одговараат актуелни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, потенцира дека нема да навлегува во материјална расправа од причина што на тој начин ќе може тоа да се разбере во јавноста како влијание во истрагата и сите негови дискусиии имаат само политички тези.

– Актуелен градоначалник на градот, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е предмет на истрагата, мислам дека се уште е во куќен притвор. Ќе ве потсетам дека и член на актуелната влада беше во притвор, како поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување и уште многумина кои се поврзуваат во минатото со ВМРО-ДПМНЕ што биле дел од ДПИ, Министерството за економија итн, рече Мицкоски, додавајќи дека од тоа што може во јавноста да го следи се повеќе од 60 лица што се опфатени од страна на истрагата од Обвинителството.

Тој се осврна на случаите со модуларната болница во Тетово, Ласкарци, Беса транс – сообраќајната несреќа што се случи пред Софија во Бугарија и посочи дека заклучокот е дека имаше нула приведени во првите часови или предмет на истрагата, затоа што тоа беше, како што рече, политички заштитени потенцијални обвинети, на сметка на она што денес го прави Обвинителството.

– Оставам на овие некрофилите кои мислам дека на оваа тема и на овие жртви за жал, млади загубени животи и на повредените ќе градат политичка кариера и политички поени. Ќе повторам дека никогаш нема материјално да коментирам, но политички имам право да коментирам, а гледате дека сите коментари се насочени кон мене, рече Мицкоски.

Прашан кои се со име и презиме кои се виновници за пожарот во мовдуларната болница во Тетово, Мицкоски дециден дека тој не може да каже затоа што тој не е ниту обвнител, ниту судија.

Во однос на тоа дали има одговорност и тој што ја изградил модуларната болница во Тетово, покрај обвинувањата за Венко Филипче, Мицкоски повтори дека никого не штити, ниту има намера некого да штити, без разлика дали станува збор за негов близок и истакна дека за секој оној за кого постои основано сомневање дека погрешил треба да сноси одговорност и тука, рече, немам никаква дилема.

– Ако јас се претворам во обвинител и во судија, нема да бидам ништо поразличен од моите претходници. Сакам да бидам поразличен и во случаи кога сум најдиректно нападнат од овие некрофили, кога на дневна основа лаги, конструкции, навреди се насочени кон мене лично. Јас молчам и никогаш не сум направил јас чекор напред, изјави премиерот Мицкоски.

Прашан за иницијативата за разрешување на јавниот обвинител Коцевски, премиерот Мицкоски потврди дека како процес е отпочнато, но и дека денешната опозиција кога ја отпочнаа таа постапката беше комплетно против дека, како што рече, правиме насилство врз обвинителството и партизираме.

–  Кажав јавно дека можеби ќе трпиме политичка штета, но во услови кога се случи оној ужас во Кочани, ние е направиме чекор назад и ќе оставиме обвинителството да си ја врши својата работа и немаме намера да продолжуваме со процесот и така се однесуваме, појасни премиерот.

Тој уште еднаш потенцира дека трпи и политички навреди и кон него, и кон неговото семејство и закани и тоа се на дневна основа.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Иран лансирал ракети кон Израел, експлозии во Тел Авив

June 13, 2025

СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов – ајде Мицкоски нека каже колку е дебела неговата врска со Нацев од Рубикон

June 13, 2025
Фото: Кабинет на Пендаровски

Средба на поранешниот претседател Пендаровски со чешкиот претседател Петр Павел

June 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија поведе против Молдавија во Дејвис купот, Мицов го донесе првиот поен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Каја Шукова на НоваТВ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема план ни за со ЕУ, ни без ЕУ, и тоа сериозно треба да ги загрижи граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk