При падот на патничкиот авион Боинг 787-8 на „Ер Индија“, кој сообраќаше од Ахмедабад за Лондон, загинаа најмалку 200 луѓе.
Во авионот на Ер Индија имало 242 патници и членови на екипажот, соопшти авиокомпанијата. Иако полициjaта изјави за Associated Press дека изгледа нема преживеани, генералниот директор на Ер Индија рече дека повредени патници се пренесени во локални болници. Група на доктори соопшти дека најмалку четворица студенти кои престојувале во хостелот каде се урна авионот се водат како исчезнати по несреќата.