Пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
„Новото мизерно“ е кога го прашувате за платата од 3000 евра ситиот гувернер на Народната банка, Трајко Славески.
А „новото нормално“ е како во онаа народната – ситиот да не му верува на гладниот.
Па така, ситиот гувернер Славески, нормално, наместо барем да сочувствува со огромното мнозинство од народот во земјава што едвај преживува во оваа мизерија и сиромаштија „во раскош“, невидена скапотија и општ грабеж што му го прават политичарите и трговците – им (пре)порачува на граѓаните со минималец да работат по 2-3 работи.
Оти, за оваа општа мизерија и сиромаштија не се криви тие што земаат по 2-3000 евра плата од нашите пари, за да го подобрат животот и стандардот на граѓаните. Криви сме сите ние. Затоа што не работиме по 2-3 работи – за ние да преживуваме, а тие да живеат убаво и раскошно.
Утре, гласноговорниците на „новото нормално“ може ќе ни кажат дека ќе треба да се будиме пред да заспиеме – за да стасаме на трите работни места.
Па сега видете вие, кој е тука мизерен, а кој (не)нормален?