ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Рехабилитацијата на Пониква за повредените од пожарот во „Пулс“ ќе биде во групи, од утре почнува реконструкцијата на Општата болница – Кочани

June 12, 2025 15:22
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Рехабилитацијата на Пониква за повредените од пожарот во клубот „Пулс“ ќе се реализира за да се избегнат високите дневни температури во текот на летниот период и да се намали потребата нивните семејства да ги носат во болниците во Кочани или во Скопје, беше соопштено на денешната прес-конференција во Владата, на која зборуваа владината портпаролка Марија Митева и докторките Катерина Мирчовска од Општата болница во Кочани и Гордана Георгиева од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје.

-Одморалиштето на МВР на Пониква ни е ставено на располагање за да се направи рехабилитација, ресоцијализација и да им се пружи психолошка поддршка на повредените, а ќе се активираат медицински тимови коишто ќе им бидат достапни 24 часа. Ќе бидат поделени во групи што ќе ротираат на две недели, а првата група ќе биде со повредени кои веќе добиваат физикална терапија, како и пациенти кои имале само изолирана инхалаторна повреда. На Пониква физикалната терапија ќе ја обавуваат четворица физиотерапевти, ќе има медицински сестри, специјалист физијатар, а во соработка со Центарот за психолошка поддршка од Скопје и невладини организации ќе има и посета од психолози и психијатри, истакна докторката Мирчовска, која од неодамна е и в.д. директорка на Општата болница – Кочани.

За пациентите кои немаат можност да добиваат рехабилитација на Пониква веќе е адаптирана просторија за физикална медицина при одделот за хирургија во Општата болница – Кочани, а од утре треба да почнат градежни активности за реконструкција токму од одделот за физикална медицина и рехабилитација. Во соработка со болницата од Штип ќе се направи план за згрижување на пациентите додека трае реконструкцијата.

Во периодот од 20 мај до 10 јуни евалуирани се 167 пациенти, пет пациенти сѐ уште се хоспитализирани во болници во државата, а уште пет се на лекување во странство. Неевалуирани се осум пациенти кои се со привремен престој или живеалиште во странство.

-Здравствената состојба се евалуираше врз база на анамнестички податоци, врз база на клиничкиот преглед и врз доставената медицинска документација. Се земаше предвид тежината и типот на повредата, главно моменталната состојба на пациентите и потребата од понатамошно лекување, рехабилитација и дополнителни оперативни зафати. Пациентите беа класифицирани во пет групи, почнувајќи од прва група како најлесна форма, до петта група како најтешка. Во Група 1 се 36 пациенти, во Група 2 – 49 пациенти, во третата група има 41 пациент, во четвртата се 25, а во петтта група има 16 пациенти. Сметаме дека е потребен мултидисциплинарен пристап и третман во лекувањето и нивно понатамошно следење. Потребно е за одреден временски период повторно да се направи евалуација за да се превенираат или рано да се препознаат можните компликации од различните типови на повреди, истакна докторката Георгиева, која е дел од тимот за евалуација на повредените.

Освен со изгореници, има пациенти со инхалаторни повреди и со психолошка траума, а оние кои се во четврта и петта група ќе им биде потребно продолжено лекување, а кај некои од петтата група и дополнителен хируршки третман. Евалуацијата на повредите од изгореници ќе се евалуираат повеќепати, во зависност од степенот и делот од телото што е зафатен.

-Од март, кога се случи несреќата, до денес во болницата во Кочани се склучени договори со специјалисти по пластична хирургија од Универзитетската клиника за пластична хирургија и Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Дополнително и со физијатри и физиотерапевти од Клиничката болница во Штип, од ГОБ „8 Септември“ и од Институтот за физикална медицина и терапија „Козле“. За да ја следиме состојбата на повредените кои се вратија од лекување во болниците во странство, а кои обавуваат физикална тераприја и респираторни вежби, им беше посочено од тимот за евалуација дека треба да направат контроли. Со оглед што како проблем произлезе патувањето на високи дневни температури, разговаравме со Министерството за здравство и со пулмолози од ГОБ „8 Септември“, кои беа и на евалуацијата, има добра волја, знаеме што ни е потребно во болницата во Кочани за да можеме да ги доближиме, а апаратурата што ќе биде донесена и соработката со лекарите ќе останат и за понатаму, истакна докторката Мирчовска.

На почетокот на идната недела во Општата болница во Кочани ќе се спроведе активност за земање мерки за изработка на компресивна облека за пациентите за кои претходно тоа не било направено. Тоа ќе се реализира со претставништвата на изработувачите на облеката од Бугарија и Германија, а се работи и на скенирање со тродимензионален скенер за пациентите со изгореници на лицето, главата и вратот за да им се изработат силиконски маски по мерка.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: КочаниПоникварехабилитација
Next Post

За неуспехот на евроинтегративната политика во 2024 и 2025 е виновна оваа Влада

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Трамп упати ултиматум до Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас

October 3, 2025
Скриншот

(ВИДЕО) Ричард Гир за Доналд Трамп: Имаме претседател кој не е само луд, туку е и темно присуство, за 6 месеци речиси ја уништи нашата земја

October 3, 2025
Фото: Влада

Мицкоски – Мацут: Унапредување на билатералните односи и економската соработка, гасно и коридорско поврзување

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • фото: ФБ профил на Елка Јачева Улчар

    Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk