Руските воени загуби од почетокот на целосната инвазија на Украина, од 24 февруари 2022 година до 12 јуни 2025 година, надминаа еден милион луѓе, објави Генералштабот на вооружените сили на Украина на Фејсбук, пренесува Укринформ.
Вкупните борбени загуби на руските трупи од 24 февруари 2022 година до 12 јуни 2025 година во војната против Украина изнесуваат приближно 1 милион 340 луѓе, од кои 1.140 се изгубени во последните 24 часа.
Податоците се проверуваат.
Како што објави Укринформ, на 11 јуни, до 22:00 часот, имало 195 борбени судири со руските напаѓачи на фронтовската линија.
М. Д. / Цивил Медиа