Пишува: ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Мицковски два пати одби да се прифати закон кој ја регулира помошта кон семејствата на жртвите од пожарот во Кочани. Наместо тоа, нуди компензација – ќе го дал летувалиштето во Пониква за жртвите таму да се лекуваат…
Колку беден обид да се искупи што не дава поддршка на сет на мерки за краткорочно и долгорочно решавање на проблемот кој практично го зафаќа целиот град.
Или можеби смета дека Кочани може да се пресели на Пониква?
Па тие деца не можат да се грижат за себе, родителите немаат плата бидејќи морале да останат дома 24 часа на ден, а практично само една специјалистка во Болницата е таа која се грижи за раните на тешко повредените…
Ајде сега сите на еден казан на Пониква, ќе ви помине. Ете така размислува човекот кој дури и не се извини за својот (огромен) дел до вината за настанот кој, како што рече републичкиот јавен обвинител вечерта по настанот е – пад на целиот систем!
Преземено: Цивил Медиа