Пишува: КРИСТИНА КОСТОВА
Три месеци се пенават преку фингирани анкети и трибини затворени за јавноста да нѐ убедат дека добро се справувале со последиците од најголемата трагедија во поновата македонска историја.
Три месеци бегаат од оштетените, од ужалените, три месеци бегаат од самата тема и се обидуваат да ја игнорираат, иако мајчините крици ни ги параат ушите на сите и нѐ тераат вистински и системски да помогнеме.
Три месеци одбиваат да им излезат во пресрет, одбиваат да дадат вистинска правда.
И три месеци Тошковски деноноќно ја компромитира истрагата која води кон конкретни лица, одговорни на вечерта на 16 март, а цврсто поврзани со ДПМНЕ.
После месеци упатување критики за опозицијата, навреди и обвинувања, само затоа што ги соочуваме со фактите, се докажа дека нашите укажувања се и повеќе од основани.
Јанев итно да си даде оставка!
Тошковски требаше да си даде оставка како морален чин уште во март.
Но, и задоцнета совест е подобра од непостоечката.
Затоа, Тошковски да си даде оставка уште веднаш!
Пратениците од владејачкото мнозинство да го изгласаат Законот за помош на сите оштетени од трагедијата.
Не да се препукуваат со оние што поднесуваат Закон и да ги опсипуваат со навреди. Срамота е!
Институциите да профункционираат и да им се овозможи достоинствено лекување на повредените.
Навистина не е тешко.
Еднаш постапете човечки.
Барем еднаш!