ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Коцевски за синоќешната акција во Кочани: За приведените 13 полициски службеници постојат основани сомненија за сторени тешки дела против општата сигурност

June 13, 2025 14:02
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Приведени се 13 лица со полициско овластување во синоќешната акција на ОЈО за организиран криминал и корупција, потврди на денешната прес-конференција државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски. Тој посочи дека постојат основани на сомненија дека осомничените како службени лица сториле тешки дела против општата сигурност.

-Јавен обвинител од специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициско овластување и припадници на затворската Полиција при ОЈО за организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од страна на МВР –Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 13 полициски службеници. Во конкретниот случај постои основа на сомнение дека во период од 14 март 2025 година до 16 март 2025 година на територијата на СВР- Штип осомничените како службени лица сториле тешки дела против општата сигурност, рече Коцевски.

Тој на прес-конференцијата појасни дека 13 полициски службеници, како соизвршители не постапиле според прописите за мерките за заштита, одобриле план за Акциска контрола на угостителски објекти на подрачје на Полициска станица (ПС)-Кочани, без да проверат дали истиот ги има опфатено сите проверки во надлежност на МВР и дали се запазени одредбите од стандардните оперативни процедури за процена и управување со ризики при вршење на полициски работи.

-По овој План кој бил изготвен врз основа на претходно изготвени планови без какви било измени било постапено и на 16 март 2025 година на место каде што биле собрани поголем број на луѓе во кабарето „Пулс“, не преземале мерки за спречување на активирање на пиротехничка опрема на сцената, каде настапувала музичката групата ДНК, во моментов кога ја вршеле контролата, чие палење не било пријавено во Полициска станица-Кочани, а од која пиротехника како последица настанал пожар во дискотеката „Пулс“, изјави Коцевски.

Државниот јавен обвинител, Коцевски додаде дека полициските службеници, со тоа што не спречиле палење на пиротехниката, тие не преземале мерки и за заштита за присутните лица во дискотеката „Пулс“, каде поради несоодветните услови за работа на акциската контрола настанал пожар и со тоа предизвикале настапување на смрт на 62 лица, а над 200 лица се здобиле со потешки и полесни повреди. Заради непречено водење на кривичната постапка и обезбедување на присуство на обвинитите Јавниот обвинител на судијата на претходна постапка на Основниот Кривичен суд Скопје му предложи спрема осомничените да се определат мерки на претпазливост.

-Тоа се: забрана за напуштење на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинитете да се јавуваат повремено на определено службено лице, или кај надлежен државен орган, кој ќе ги определи судијата на претходна постапка, привремено одземање на патна или друга исправа за применување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, забрана и контакт со определени лица, со осомничените лица, како и забрана за преземање на работни активности –полициски служби, рече Коцевски.

Тој истакна дека во оваа фаза Јавното обвинителство не може повеќе информации и детали да сподели за јавноста, бидејќи јавниот обвинител се уште постапува за овој случај.

Tags: КовевскиКочаниприведени
Next Post

Од илузија до имплементација: Соочување со неуспесите и исцртување циркуларна иднина за Западен Балкaн

НАЈНОВО

Фото: МИА

Македонија катастрофално поразена од Велс, баражот го чекаат од четвртиот „шешир“

November 18, 2025
Скриншот

Американскиот Конгрес изгласа да бидат објавени досиејата на Епштајн

November 18, 2025

Собранието стави крај на евтиното онлајн купување: ДДВ од 18% за „Тему“ и „АлиЕкспрес“ пратки

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии 2025/2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА најави пренос во живо: Првите детални снимки од меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk