Пишува: ГОРАН ВОЛКАНОСКИ
Верувајте, да не ме чепнеше еден мој драг генерациски другар, не ќе знаев дека орбановецот Сијарто ни дошол во посета.
А, со оглед на тоа што ни кажал, подобро и да не доаѓал. Се радувам што веќе неколку години наназад не следам македонски телевизии.
Нашиот “стратешки” партнер со други зборови, ни кажал, баталете ЕУ!
Што мислите, на кого во Македонија му одговара протежирање на евроскептицизмот?
Кој беше учесник на конгресот на крајно десничарските партии во Унгарија.
На Конгрес на кој 90% од поканетите се против проширување на ЕУ.
Што значи и против нашите аспирации за членство во ЕУ.
Нашиот “стратешки” партнер, е изгледа само стратешки партнер на нашата владеачка партија.
И очигледно стратешки oдработува за политичките интереси на нашите властодршци.
Евроскептицизмот кој Сијарто го поттикнува со своите изјави може само да е чин на некој кој не и мисли добро на нашата држава и на нашите граѓани.
А, учеството на Конгрес на партии и политичари кои протежираат и подржуваат авторитарни политики е чин направен во штета на народот и државата која ја претставуваш.
Всушност учесниците на спомнатиот настан всушност промовираат антидемократски, авторитарни политики кои не носат ништо добро за било која Европска земја.
Уништувањето на шансата (блокирањето на преговорите со ЕУ, пред две години) сега да бидеме заедно со Албанија и Црна Гора, земја која ги отвора поглавјата на евроинтеграцискиот процес, земја со оптимизам кај граѓаните за перспектива во сопствената држава сега треба некој да го правда со политики “Калимеро нема правда”, со барање на “принципиелност” која никогаш ја немало и нема да ја има во меѓународните односи.
Светот го воделе и ќе го водат интересите.
Се друго е заблуда и жиевеење во илузии.
Текстот е личен став.