Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека имаат „целосна воздушна контрола над Техеран“.
– Уништивме една третина од ракетните лансери на иранскиот режим, околу 120, изјави портпаролот на ИДФ, Ефи Дефрин.
Тој додаде дека Израел почнал бран напади насочени кон околу 100 воени цели во Исфахан, централен Иран, распоредувајќи околу 50 борбени авиони за да напаѓаат ракетни складишта, лансери и командни центри.