Министерството за финансии денеска, заедно со Канцеларијата на ООН во Скопје го презентира Договорот за финансирање на заедничките активности. Еден од заклучоците на настанот беше дека треба да има почеста комуникација меѓу донаторите во државата за да не се трошат средства за исти проекти.
Министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочоска порача дека клучните проекти за граѓаните треба заеднички да ги дефинираат Владата и амбасадите пристуни во земјава.
-Поради тоа што нема централизирана координација меѓу институциите и амбасадите се случува исти проекти или во многу слична форма да се повторуваат што значи дека се трошат парите на граѓаните во странските земји за да поддржат некој проект кај нас кој треба да даде одлични резултати, но со поклопување на проектите и недобивање доволно информации, не се постигнуваат позитивни ефекти какви што очекуваме, изјави министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочоска.
На настанот беше присутна и постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава Рита Колумбија.