ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Родители на починатите во пожарот во Кочани бараат појаснување на обвинението

June 16, 2025 09:34
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Родители на починатите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани ќе достават писмено барање за детално објаснување против кого ќе се води обвинителната постапка, што ја соопшти минатата недела државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

– Ние не сме правници и не го разбравме обвинителниот акт што го соопшти јавниот обвинител против осомничените за трагедијата во „Пулс“, поради што бараме Основното јавно обвинителство да ни ги објасни резултатите од истражната постапка, порачаа родителите на починатите во пожарот на деветтиот „Марш на ангелите“ што се одржа завчера во Кочани.

Родителите посочија дека од суштинско значење е ОЈО во Кочани целосно да ги запознае со исходот од истражната постапка, како и со содржината на поднесениот обвинителен акт, односно кои физички и правни лица се опфатени, против кого се води постапката, а кои лица се изземени од одговорност, за да можат, како што рекоа, да ги отстранат сите дилеми коишто се јавуваат кај нив во врска со спроведената постапка.

Од Јавното обвинителство вчера посочија дека стојат на располагање и најавија дека доколку семејствата имаат такво барање во следните денови ќе организираат средба на која ќе ги информираат за сите аспекти од поднесеното обвинение без да ја нaруши натамошната постапка. Воедно, наведоа од ЈО, блиските на жртвите кои беа на претходната средба во обвинителството добија и директен контакт и им беше посочено дека сите семејства на жртвите можат во секој момент во обвинителството во Кочани директно да се информираат за текот на постапката.

Со обвинението што беше поднесено на 13. месецов до Основниот суд во Кочани се опфатени 34 физички и три правни лица за кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

На сите физички и  правни лица обвинети за пожарот на 16 март годинава во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 62 лица помеѓу кои шест деца, им се ставаат на товар – тешки  дела  против општата сигурност. Помеѓу обвинетите се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници. Поради немање доволно докази, постапката беше запрена за вкупно 11 лица, помеѓу кои двајца поранешни министри.

Портпаролката на Владата Марија Митева и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков вчера соопштија дека во одморалиштето на Пониква, кое наскоро ќе биде ставено во функција како рехабилитациски центар за повредените од пожарот, во тек се финални подготовки како системско уредување и опремување на просторот со социјални и едукативни содржини.

Според најавите, во одморалиштето на МВР на Поникава од средината на идната недела ќе биде згрижена првата група повредени пациенти, каде физикална терапија ќе добиваат 45 пациенти. Во Пониква ќе се активираат медицински тимови коишто ќе им бидат достапни 24 часа. Ќе бидат поделени во групи што ќе ротираат на две недели, а првата група ќе биде со повредени кои веќе добиваат физикална терапија, како и пациенти кои имале само изолирана инхалаторна повреда.  Физикалната терапија ќе ја обавуваат четворица физиотерапевти, ќе има медицински сестри, специјалист физијатар, а во соработка со Центарот за психолошка поддршка од Скопје и невладини организации ќе има и посета од психолози и психијатри.

На Одделот за физикална медицина и рехабилитација во Општата болница со проширена дејност во Кочани во петокот почнаа градежните работи за реконструкција, кои треба да завршат за три до четири недели, со што се очекува да се обезбедат подобри услови за третман и лекување на повредените во пожарот.

Новиот министер за здравство Азир Алиу вчера соопшти дека Кочани е во фокус на неговото работење, најави дека денеска  ќе оствари средба со директорката на болницата во Кочани а во наредните денови и со граѓаните во Кочани со цел да ги увиди нивните реални потреби.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Кочанипојаснување на обвинениетопочинати
Next Post
Генерирано со ВИ

Иран нема да преговара за прекин на огнот со Израел додека траат израелските напади

НАЈНОВО

ДИК го утврди изгледот на гласачкото ливче

October 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на Sky News

Историски настан за Англиканската црква: Сара Малали назначена за прва жена надбискуп на Кантербери

October 3, 2025
Фото: Фронтлајн

Судијката Груевска Илиевска ќе ја води постапката за пожарот во „Пулс“

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • фото: ФБ профил на Елка Јачева Улчар

    Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реџепи, Лимани и Османи со јасна предност – две победи во прв круг, една во вториот круг на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел Фајфер: Да знаев дека ќе станам баба, немаше да преземам толку многу работа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk