Иранската агенција за сајбер-безбедност им забрани на државните функционери користење на уреди кои се поврзуваат на интернет, поради страв од можноста да бидат следени или хакирани од Израел, јави државната новинска агенција Фарс, пренесува Тајмс оф Израел.
Иранските функционери и нивните телохранители се известени дека не смеат да користат никаква опрема поврзана со јавни интернет или телекомуникациски мрежи, информира агенцијата.