ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Моралната одговорност не се мери на избори

June 17, 2025 17:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЕРОЛ РИЗАОВ

Премиерот Христијан Мицкоски многу добро ја знае разликата меѓу политичка, морална и кривична одговорност. Како лидер на опозицијата илјадници пати јавно побарал оставки и одговорност за „велепредавствата на државните и национални интереси“, за корупција и организиран криминал, за трагедии кои се случиле за време на претходната власт. Денес кога од него се бара оставка Мицкоски за истите обвинувања гледа со поинакви очи. Небаре е  антидржавен чин опозицијата, медиумите или јавноста да бараат одговорност од власта.

Во врска со трагедијата во Кочани и прозивките за одговорност за ова злосторство кое однесе 62 жртви и 200 повредени млади луѓе, меѓу кои и малолетни деца, премиерот итарпејовски ја преквалификува во подготвеност за негова и на владата политичка одговорност само под  услов, ако ВМРО-ДПМНЕ загуби на локалните избори.

Значи, ако ВМРО-ДПМНЕ изгуби на комуналните избори премиерот ќе прифати политичка одговорност и ќе поднесе оставка на функцијата премиер, ако пак победи, како што пресметал Мицкоски, „народот“ со својот избор на градоначалници и советници по општините ќе одлучи дека премиерот, неговите надлежни министри и владата немаат никаква одговорност. Локалните избори ќе биле кантарот што ќе ја мери ѓутуре одговорноста на премиерот и на владата за трагедијата во Кочани.

Ајде малку да ја разјасниме оваа манипулација на премиерот Мицковски и неговата тешка, но „оправдана“ навреда на примитивизмот и простаклукот, но и стравот во јавноста кои му овозможуваат речиси без реакции ваков јавен дилетантски пропаганден настап. На локални избори не се гласа за политичката, а уште помалку за моралната одговорност на премиерот и на владата во врска со трагедијата во Кочани. Победа, или пораз на локални избори како алиби дали нема, или има политичка, или морална  одговорност за трагедијата во Кочани е во суштина бегање од одговорност. Есапот на Мицкоски кажува дека победата ја опростува одговорноста. Така ќе пресудел народот.

Се пере ли совеста на комунални избори

А, што кажува совеста за најголемата трагедија во земјата. Се пере ли таа со резултати од комунални избори. Одговорноста на премиерот и надлежните министри, а со тоа и на целата влада по трагедијата во Кочани беше првиот неминовен морален чин. Се разбира, ако се има совест.

Морална оставка се поднесува веднаш од две клучни причини. Прво, тоа е израз за длабоко сочувство кон семејствата и кон сите граѓани на  Македонија. И второ, оставка на премиерот и на владата го отвара патот за непристрасна истрага на сите кои имаат кривична одговорност. Е, тогаш, на предвремени парламентарни избори јавноста ја дава оценката дали оставките од морални мотиви овозможиле праведна судска разврска за кривичната одговорност на сите виновни без оглед на партиската припадност. А пред сѐ, одговорноста на тие што биле должни да ја спречат трагедијата, а тоа не го направиле.

Оправдувањата со поранешните трагични несреќи кога на власт била денешната опозиција не можат да бидат аргумент денес за избегнување на морална и секоја друга одговорностза трагедијата во Кочани. Власта во своја одбрана најчесто се брани со автобуските сообраќајни несреќи кај Ласкарци и во Бугарија и со пожарот на модуларната амбуланта за време на пандемијата од корона вирусот. Дали тоа  треба да ги амнестира од одговорност денешните власти. Секако НЕ.

Ботовите на власта и самите одговорни функционери, вклучувајќи го и премиерот, кои ги споменуваат овие случаи како адут постојано пласирани во јавноста како оправдување со цел релативизирање на кочанската трагедија намерно премолчуваат што тогаш тие бараа како опозиција, и што тогаш пишуваа и објавуваа сите македонски медиуми без исклучок  како силна осуда и поддршка за одговорност и поднесување на морални оставки и покренување на истраги за кривична одговорност со судски пресуди.

Кога „нашите“ се на власт

Разликата е во тоа што денешната опозиција е многу поумерена и помалку гласна и чујна во јавноста.

Медиумите, за разлика од кочанскиот случај, за претходните несреќи бараа целосна одговорност, оставки и непристрасна истрага во сите случаи. Денес медиумите ни од далеку не можат да се споредат со жестокоста на осудата на трагедиите кои се случија за време на владеењето на претходната власт.

Трагедијата во Кочани и тоа што се случува после тоа се бескруполозна предизборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ. Срамно се обвинуваат тие што бараат одговорност. Не се поштедени ни родителите и најблиските на загинатите и повредените. На јавните личности за критиките за немање морална одговорност и прозивките за оставки вообичаено во сите случаи им се лепи етикетата дека се работи за  партиско-политички мотиви и некрофилија. Се сатанизираат сите кои бараат одговорност и ги истражуваат причините кои доведоа до кочанскиот крематориум.

Конечно, за поразот на претходната власт имаа влијание трагичните настани, иако имаше и судски пресуди со повеќегодишни затворски казни. Дали некој се сеќава какви беа реакциите на тогашниот лидер на опозицијата Христијан Мицкоски. Многу пожестоки отколку сегашните на опозицијата.

Но, како и да е, грешките на претходните власти не можат да бидат оправдување на владата и на институциите на системот кои ги имаат сите механизми во рацете не само да обезбедат правда и секаква одговорност за затаената превентива во кочанската трагедија.

Кај голем дел од  јавноста сѐ уште се прифаќаат лажните и манипулативни  пораки во стилот што  направите вие за седум години, а како противодговор на тоа што направивте вие за 11 години. А, вистината е во одговорот на прашањето што направивте вие, а што тие, за 34 години и се така со лаги и манипулации со децении да се држат граѓаните во заблуда дека несреќите, неуспесите, криминилот и корупцијата, и непочитувањето на законите се вина само на политичките противници.

Тоа е можно само кај катастрофално партизираната и партиски клиентелистичка држава, каде луѓето се будат и заспиваат со приспивни пропаганди и манипулации кои предизвикуваат повеќедецениска  пандемија на  заборавност.

Во Македонија веќе нема потреба од политички притисок врз надлежните институции на системот, било да се работи за обвинителствата и целокупниот правосуден систем, било за притисок и влијание врз медиумите. Со промена на власта автоматски се менува политичката и професионалната припадност. Накај каде дува ветерот натаму и се наведнуваат партиските прелетувачи. Си знаат и обвинителите и судиите и академиците, писателите, универзитетските професори и набедените интелектуалци, јавни личности, носечките медиуми и нивните уредници и газди што и како треба да се работи кога „нашите“ се на власт. Секоја чест на малубројните исклучоци. Затоа сме таму кај што сме.СТ


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Независен.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Почина Ози Озборн, фронтменот на Black Sabbath

July 22, 2025

Собранието го донесе Ребалансот на буџетот: Според опозицијата е скроен како предизборен поткуп, власта вели ќе обезбеди економски раст

July 22, 2025

Министерката Кочоска вели со ребалансот немало да се финансираат кампањи, туку проекти

July 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk