Поранешниот премиер Зоран Заев по повод седум години од потпишувањето на Договорот од Преспа упати честитки до екс премиерот на Грција Алексис Ципрас.
„Драг Алексис, во време на војни и хаотичен свет, сè повеќе се радувам што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор, да изградиме трајно пријателство меѓу нашите соседни земји — Северна Македонија и Грција, но и да оставиме исклучително позитивна трага на Балканот, во Европа и светот, дека и најтешките прашања меѓу држави можат да се решат по дипломатски пат,“ напиша Заев во пораката.
Тој му честиташе на Ципрас за седумгодишнината од историскиот договор, потпишан на 17 јуни 2018 година во Преспа, кој овозможи членство на Северна Македонија во НАТО и отвори нови перспективи за добрососедски односи и евроинтеграции.