Од украинската амбасада, во објавата информираат дека вкупно, 86 дронови беа лансирани врз Украина минатата ноќ, поголемиот дел од нив руско-ирански дронови тип „Шахед“. Повторно беа погодени станбени згради, обични бизниси, цивилна инфраструктура и возила, кои беа зафатени од оган. Им се заблагодарувам на нашите спасувачи – на терен беа ангажирани 132 припадници и над 30 единици опрема. Во Харкивската област, активностите за справување со последиците сè уште траат.
Русија продолжува со својата тактика на намерен терор врз нашиот народ. И токму поради тоа, мора да се соочи со силен одговор – таков што значително ќе ја погоди Русија во целост и ќе ѝ ја намали способноста да ја продолжи војната. Земјите од Г7 и ЕУ го знаат рецептот: силен притисок, санкции насочени кон енергетскиот сектор и „сенчестата флота“, како и горна граница од 30 долари за руската нафта. Колку побргу болните умови во Кремљ ја изгубат способноста да ја финансираат војната, толку повеќе животи ќе успееме да спасиме во Украина, се вели во објавата на украинската амбасада.