ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН ЗДРАВ ЖИВОТ

Протоколот на Јохана Бадвиг кој седум децении се користи во лечењето на рак

June 22, 2025 12:30
in ДЕНЕС, ЗДРАВ ЖИВОТ
Share on FacebookShare on Twitter

Канцерогените, како и огромното мнозинство други болести, според славната германска биохемичарка, првенствено се предизвикани од неправилна исхрана, поточно од погрешна обработка на храната и маслото, а особено од прегревање на маслото. Тие состојки треба да се заменат за да се излечи болеста.

„Ако сакаме да му помогнеме на некој човек, мора да ги пронајдеме причините за штетата. Ракот е болест на целото тело. Не го заборавајте сопственото право на живот. Има во светот доволно луѓе кои се борат за вистината. Вие кои сте болни и кои барате помош избегнувајте хаос и заблуди. Побарајте помош во природата, во она што е на дофат”, вака зборувала германската научничка Јохана Будвиг која ја сфатила биохемиската важност на есенцијалните масни киселини (линолна и линоленска) во дишењето на човечките клетки (клеточниот метаболизам).

Забележала дека мембраните на туморските клетки (кај пациенти со рак) нив не ги содржат. А, за да се достават масни киселини до клетките преку крвта, потребно е да се формира соединение наречено липопротеин. Така, таа ја составила таканаречената Бадвиг диета или Бадвиг протокол (1952 година), каде што основата на исхраната е добро измешано ленено масло (лененото масло – ладно цедено и нерафинирано – е маслото кое е најбогато со есенцијални масни киселини што нашето тело не може да ги синтетизира) со свежо младо кравјо сирење (исто како и свежа урда), кое е богато со аминокиселини со сулфур, метионин и цистеин. На овој начин, го внесуваме потребниот липопротеин во нашето тело. Сфатила и дека трансмасните киселини, кои се добиваат со хидрогенизација на маслото, како натрапник влегуваат во процесот на градење на клетката и нејзиното дишење и го задушуваат тоа дишење.

Нејзиниот заклучок е дека вака клетката почнува да се однесува анаеробно, шеќерот станува гориво наместо кислородот и ова е потеклото на туморите. Недостатокот на фосфатиди и липопротеини предизвикува недостиг на кислород во клетките, па затоа д-р Бадвиг тргнала во потрага по метод што ќе го врати кислородот. Сфатила дека може да го постигне ова со комбинирање на одредени намирници во исхраната.

Поради ова, таа дошла во конфликт со индустријата за преработена храна (маргарини, сувомеснати производи, паштети, виршли, сосови, мајонези, кечапи…), што ја спречило да продолжи со своите истражувања. Подоцна, преку хомеопатска пракса, ги лекувала луѓето кои страдале од рак со свои методи (Бадвиг диета, сончање, избегнување стрес, вегетаријанска исхрана со акцент на сирова храна). Според достапните податоци, процентот на излекуваност од тумори (иако оваа биохемичарка најчесто третирала таканаречени терминални пациенти) бил неверојатни 90 проценти.

Почнала да студира и медицина (на 47-годишна возраст) за да може да лекува луѓе со својата диета со масло и протеини, со формална медицинска диплома. Меѓутоа, колку што имало одобрување и пофалби за нејзината работа, толку имало и спротивставување. Најголемиот парадокс е што повеќето од нејзините пациенти доаѓале од медицинската фела, од оние кои најмногу ја напаѓале, но кои најдобро ги познавале и ужасите од несаканите ефекти на западната медицина: хемотерапијата и зрачењето.

Бадвиг ги развила и таканаречените ЕЛДИ масла (електрично диференцирани масла) кои се комбинација од ленено масло, масло од пченични никулци и есенцијални масла. Тие се нанесуваат со триење во кожата или со нанесување облоги за да се подобри ефектот на нејзината диета. (Докажано е дека ваквите облоги им помагаат и на оние кои страдаат од артритис и кожни заболувања.)

Протоколот на д-р Бадвиг се состои од земање ленено масло со младо кравјо сирење со ниска масленост. Важно е да се земаат заедно за да се постигне целосен ефект. Оваа навидум едноставна диета ги реактивира виталните функции на клетките. Овие две главни состојки се комбинираат со други здрави намирници – органско свежо овошје и зеленчук, јаткасти плодови, житарки како ориз, хељда и просо, зачини, чаеви и мед.

Исхрана за болни и здрави

Дневната количина за оние со сериозни болести е 40 до 50 грама ленено масло измешано со сто грама младо кравјо сирење со ниска масленост дневно. Или поедноставно, три пати на ден по три супени лажици ленено масло измешани секој пат со по 125 грама младо кравјо сирење. Значи 375 грама младо кравјо сирење на ден со вкупно девет супени лажици ленено масло. Се меша се додека не стане една маса како павлака. Потребно е секој пат повторно да ја подготвувате смесата, бидејќи корисните својства се губат по стоењето. Ако не сакате сирење, можете да користите јогурт или кефир, но треба да ставите три пати повеќе од нив. Мора многу добро да ги измешате маслото и сирењето, па затоа е добро да користите рачен миксер. По нивното мешање, можете да додадете свежо овошје, мелени лешници или лажичка мед за подобар вкус. Дополнително, важно е да јадете свежо мелени семки од лен, бидејќи содржат некои состојки кои не се наоѓаат во маслото.

Нејзиниот начин на исхрана се користи за лекување на рак, кардиоваскуларни заболувања, дијабетес и други болести. Таму каде што конвенционалните лекови не успеале, нејзината терапија се покажала како успешна. Сепак, оваа диета не е резервирана само за луѓе со сериозни болести. Туку, за сите здрави луѓе кои често се напрегаат.

Некои од најважните правила на протоколот на Будвиг се: пијте многу течности, дури и три литри вода на ден (вода е вода), јадете сирово овошје и зеленчук, пијте свежо исцедени сокови од зеленчук и овошје, јадете јаткасти плодови, без пржење. Слатката храна е забранета, црвеното месо е забрането. Јадете умерена количина тестенини од цело зрно и леб од цело зрно. Важно е секојдневното изложување на сонце (до еден час), пешачете од 30 до 60 минути секој ден. Како масти можете да користите само кокосово масло, рибино и масло од ленено семе, кои мора да бидат нерафинирани.

Јадете свежа риба: инчуни, сардини, скуша, туна, лосос… Спијте доволно – од седум до девет часови дневно. Електромагнетната средина во која живееме е исто така многу важна. Меѓутоа и ткаенините: избегнувајте синтетика, модерни сунѓерести душеци – тоа одзема премногу енергија од вас. Дрвото е битно во изградбата на домот како и теписите направени од природни влакна…

Секој ден наутро и навечер, нанесувајте масло ЕЛДИ (на целото тело или одделно интензивно на подрачјата под пазувите и препоните (важни лимфни јазли), како и на заболените делови од телото (гради, црн дроб, област со метастази). Оставете 10-20 минути за маслото да делува (облечете, на пример, стари пижами, за да не се замасти облеката). Следуваат две туширања: прво, добро истуширајте се без употреба на сапун. Поради топлата вода, порите се отвораат, така што кожата дополнително апсорбира високо незаситени масни киселини. Почекајте малку. Второ туширање – направете пена со многу слаб сапун и исплакнете. Ова го измива вишокот масло од кожата. Потоа, одморете се 15-20 минути.

Лицата кои страдаат од тумор треба да го користат овој протокол, за кој е докажано дека функционира, околу пет години. По тој период, туморот се очекува целосно да исчезне. Состојбата на пациентите кои предвреме престанале со оваа диета (преку јадење црвено месо и слатки) наскоро се влошила и тие луѓе не можеле да бидат спасени по таквото мачење на нивното тело. Лекувањето на ракот, нагласувала д-р Бадвиг, може да биде многу едноставно и многу успешно, ако знаеме како.

Сепак, таа истакнува дека мошне е битно како го водите животот. „Никакво ленено масло нема да и помогне нa жена која е малтретирана од сопругот“, истакнувала таа.

Јохана Бадвиг

Доктор Јохана Бадвиг (30 септември 1908 година – 19 мај 2003 година) е германска хемичарка и пронаоѓачка на хартиена хроматографија за крвни липиди. На овој начин, било можно да се започне со истражување на метаболизмот на мастите и да се открие присуството на секоја поединечна масна киселина во крвта, до големина од еден микрограм.

Студирала фармацевтска хемија и физика и докторирала во 1936 и 1938 година, соодветно. Во тоа време, била истражувачки асистент на професорот Ханс Кауфман, водечки научник за хемијата на мастите (1889 – 1971), на Универзитетот во Минстер во Северна Рајна – Вестфалија. Има напишано десетина книги, од кои најпозната е „Рак – проблем и решение“.

Во средината на педесетите години на минатиот век, била член на германската агенција за лекови. Тогаш во нејзиниот интерес влегува и канцерот и почнала да истражува барајќи решение.

Будвиг била номинирана дури седум пати за Нобеловата награда за нејзините научни достигнувања, но никогаш не ја добила.

Бранка Најдовска / МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Јохана БадвиглечењеРак

НАЈНОВО

Кина и Русија го осудија нападот на САД врз нуклеарните објекти на Иран

June 22, 2025

Чупеска: ВМРО-ДПМНЕ со системски упади го руши владеењето на правото и ги игнорира меѓународните препораки

June 22, 2025

Прес на Пентагон: Операцијата „Полноќен чекан“ беше успешна

June 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Камениот мост во село Зовиќ туристичка атракција во Мариово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ројтерс и „Њујорк Тајмс“: Полетаа американски бомбардери Б-2, летаат над Тихиот Океан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владин функционер со клеветнички напад врз интернет порталот Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лојалност – награда – глупост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk