Израелската војска ги напаѓа позициите на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) во Техеран, изјави денеска портпаролот на ИДФ, Ефие Дефрин.
Според него, израелската војска го таргетира седиштето на ИРГЦ.
Воздухопловните сили ги нападнаа сите ирански бази од кои беа испукани ракети кон Израел, изјави тој на прес-конференција.
„Иранската закана сè уште не е елиминирана“, рече Дефрин.
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави претходно денеска дека израелската војска „моментално со невидена сила ги напаѓа целите на режимот и репресивните органи на владата во срцето на Техеран“.
-За секоја ракета испукана кон израелската задна страна, иранскиот диктатор ќе биде строго казнет, а нападите ќе продолжат со полн интензитет. Ќе продолжиме да дејствуваме за да го браниме домашниот фронт и да го победиме непријателот сè додека не се постигнат сите воени цели, додаде Кац во соопштението издадено од неговата канцеларија, според „Тајмс оф Израел“.
Тој рече дека „фотографиите што ја илустрираат големината на штетата“ од израелскиот напад ќе бидат објавени „наскоро“.