ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Полуматуранти од Гостивар го бојкотираа квалификацискиот тест за упис во медицинското училиште

June 23, 2025 15:12
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ

Дваесет и три завршени основци го бојкотираа квалификацискиот тест за упис во средното медицинско училиште и не полагаа. Нивните родители се револтирани, бидејќи како што кажаа, нивните деца ги исполниле условите и со максимален резултат од 75 бодови, а не беа примени во јунскиот рок за насоката медицински сестри во Средното медицинско училиште во Гостивар.

Од училишната управа информираа дека станува збор за нова програма за која беа предвидени 50 места за настава на албански јазик, а бројот на ученици што се пријавија надмина 100.

Педесетте ученици кои се примени, имаа ист број поени како и 23-те што отпаднале. За да се реши состојбата, Министерството за образование и култура (МОН) денеска организираше квалификациски тест за овие ученици, но родителите се спротивставија на ваквиот исход. Родителите влегоа во училиштето со петиција која му ја врачија на директорот.

Родителите бараа тестирањето да се откаже и според нив, постојат алтернативни начини.

– Нема реална основа за тестирање на нивните способности врз основа на дополнителни проценки. Краткиот рок за подготовка, психолошкиот притисок врз учениците веднаш по завршувањето на основното образование и пред важна животна одлука, претставува голем товар за нивното ментално здравје и придонесува за зголемена вознемиреност, изјави Бељур Мустафа од Советот на родители.

Родителите рекоа дека доколку нивните барања не бидат прифатени, ќе преземат чекори пред надлежните институции.

Шпенди Бајрами, педагогот во СОМУ, рече дека управата пред десетина денови побарала од Министерството за образование и наука, отворање на уште една паралелка, но како што напомна, не добиле одговор.

– Како училиште сме обврзани да го спроведеме формалниот аспект на што нè обврзува законот. Веруваме дека можеме да најдеме компромис за отворање нова паралелка што нема да претставува финансиски проблем. Имаме и кадар и просторни услови, рече Бајрами. Како опција која им е понудена на родителите е 23 ученици конкурираат за насоките лабораториски асистенти или забни техничари.

Next Post
МНР. Фото: Ангел Ангеловски

МНРиНТ: Ќе се евакуира уште едно семејство од Израел, граѓаните да се воздржат од патувања на Блискиот Исток

НАЈНОВО

Ристески: ВМРО-ДПМНЕ и Општина Аеродром бегаат од одговор за долговите на училиштата и градинките

August 11, 2025

Макрон: Израелскиот план за преземање контрола врз градот Газа е подготовка на катастрофа

August 11, 2025

Астронаутите сведочат: Животот во Вселената засега е речиси невозможен

August 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Лажните ветувања на лажните патриоти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ и Алијанса за Албанците со жестока реакција на изјавите на Мицкоски за конфликтот во 2001 година и УЧК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал во Демир Хисар – Адвокатот Стеваноски: Еве како се менува доректорка на средно училиште пред распишување на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за изјавата од Меџити дека УЧК имале праведна војна: Не може убиства од заседа да се праведна борба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk