ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Годишeн извештај: Обвинителствата во 2024 постапувале против вкупно 37.255 сторители на кривични дела

June 24, 2025 11:14
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Зголемен бил обемот на работа на јавните обвинителства во текот на 2024 година, покажува Годишниот извештај за работата на обвинителствата што денеска го објави Јавното обвинителство.

Во текот на 2024 година основните јавни обвинителства во државава постапувале против вкупно 37.255 сторители на кривични дела, од кои новопримени биле пријави против вкупно 25.909 сторители на кривични дела. Споредбата на податоците покажува дека во извештајната година се регистрирало значително зголемување на бројот на новопријавени сторители на кривични дела во однос на претходната година (за околу 10 отсто), како во однос на полнолетните сторители, така и во однос на децата.

– Ако се има предвид континуираното намалување и на бројот на јавни обвинители и на бројот на јавнообвинителските службеници во изминатите години, кое продолжи и во текот на извештајната 2024 година, како и недоволниот обем на средства кои се доделуваат за истражните дејствија и за работата на обвинителствата кои се далеку под законски утврдениот минимум,  јасно е дека ваквиот зголемен прилив на предмети во јавните обвинителства претставува дополнителен предизвик за капацитетите, се констатира во Извештајот.

Зголемениот обем на работа и предмети по кои постапувале јавните обвинителства во 2024 година се согледува и преку општ раст на бројот на постапки за кривични дела од речиси сите глави во Кривичниот законик.

– Особено очигледен е раст на бројот на пријави и предмети за дела од Глава XXVII од КЗ – Кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај, вклучувајќи и Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 од КЗ, но и полесните дела од областа на сообраќајот. Раст се забележува и во бројот на примени пријави (за дури 40 отст), но и во бројот на поднесени обвиненија. Ова укажува на неопходноста од јакнење на казнената политика и другите мерки во насока на превенција на овој тип кривични дела, стои во соопштението.

Согласно статистичките податоци од постапувањето на јавните обвинителства, во извештајната година е забележано зголемување и на бројот на кривични пријави за дела од Глава XIV од КЗ – Кривични дела против животот и телото, каде влегуваат убиства, тешки телесни и телесни повреди, учество во тепачки, загрозување со опасно орудие при тепачка и караница и други. Особено забележителен раст има во бројот на убиства квалификувани во потежок облик, каде бројот на пријави е речиси удвоен во однос на претходната 2023 година.

Целосниот текст на Годишниот извештај со статистичките податоци за работата на обвинителствата и структурата на криминалитетот е достапен на следниот ЛИНК.

Јавното обвинителство информира дека изготвен е и посебен извештај за примената на посебните истражни мерки, согласно кој забележително е дека бројот на случаи во кои се применувале посебни истражни мерки во текот на 2024 година има значителен тренд на намалување во однос на 2023 година (35 случаи во однос на ланските 87 случаи), меѓутоа податоците за опфатот на лица и предмети покажуваат дека овој вид мерки и натаму се користат како исклучително важно средство за обезбедување докази.

Во текот на извештајната година, под опфат на посебни истражни мерки биле вкупно 363 лица со утврден идентитет, осум лица со неутврден идентитет и 163 предмети на кривично дело. Вкрстувањето на податоците според бројот на случаи и бројот на опфатени лица и предмети недвосмислено укажува дека во извештајната 2024 година бил заземен посложен пристап за примена на посебните истражни мерки, со комбинирање на повеќе видови мерки во еден предмет и со опфат на повеќе лица и предмети со цел поефикасно обезбедување на доказите.

Извештајот за примена на посебните истражни мерки во 2024 година е достапен на следниот ЛИНК.

Согласно член 55 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија го поднел извештајот до Собранието на Република Северна Македонија, на разгледување го доставил до Советот на јавните обвинители, а за запознавање е доставен и до Владата на Република Северна Македонија, Врховниот суд на Република Северна Македонија и до Министерството за правда.

Tags: обвинителство
Next Post

Судењето против таткото на Васил Јованов одложено, обвинителниот предлог изменет

НАЈНОВО

Трамп и Путин во Будимпешта

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

Ѓорѓиевски: Ќе направиме генералка во цело Скопје во првите 72 часа

October 23, 2025

Стармер: Балканот е европско искушение – котел што безбедноста ја става на тест

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk